Лек: Золтонар

  • ATC код:M05BA08
  • Компанија:Ворлд Медицине Илач Санаји Ве Тиџарет Аноним Ширкети/ Р.Турција-Подружница Скопје,Р.Македонија
  • Доза:5 g/100 ml раствор за инфузија
Остеопороза кај постменопаузални жени и кај возрасни мажи
Зголемен ризик од фрактури
  • Вклучително и пациенти со неодамнешна ниско-трауматична фрактура на колк.
Остеопороза асоцирана со долготрајна системска глукокортикоидна терапија
Пагетова болест

Zoledronic acid претставува лек од групата на бифосфонати и делува како инхибитор на коскената ресорпција. Zoledronic acid предизвикува апоптоза на хематопоетските туморски клетки преку механизам на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат патеката, како фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат.  

За време на спроведување на третманот со zoledronic acid (пред и по администрација), пациентите треба да бидат добро хидрирани. 

За време на спроведување на третманот со zoledronic acid, се препорачува истовремена администрација на витамин D. 

Остеопороза
  • Препорачаната доза на zoledronic acid е единечна интравенска инфузија од 5mg, администрирана еднаш годишно.
Неодамнешна ниско-трауматична фрактура на колк
  • Се препорачува администрација на 50 000 - 125 000 IE на витамин D, орално или интрамускулно, пред првата инфузија со 5mg zoledronic acid.
Пагетова болест
  • Препорачаната доза на zoledronic acid е единечна интравенска инфузија од 5mg, во комбинација со најмалку 500mg елементарен калциум дневно, во времетраење од најмалку 10 дена по администрацијата на zoledronic acid.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана кај пациенти со креатинин клиренс < 35 mL/min. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.

  • Хиперсензитивност кон zoledronic acid
  • Бременост и доење;
  • Хипокалциемија; 
  • Тешко ренално нарушување со креатинин клиренс < 35 mL/min.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема податоци.

Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана. 

Не се препорачува употреба на zoledronic acid кај жени во репродуктивен период. 

Многу чести
  • Пирексија.
Чести
  • Хипокалциемија, главоболка, вертиго, окуларна хиперемија, атријална фибрилација, наузеа, вомитус, дијареа, мијалгија, артралгија, болка во коските, болка во грбот, болка во екстремитетите, болест слична на инфлуенца, треска, замор, астенија, болка, малаксаност, реакција на местото на инфузија, покачен C-реактивен протеин.

Помалку чести
  • Инфлуенца, назофарингитис, анемија, намален апетит, инсомнија, летаргија, парестезија, сомноленција, тремор, синкопа, дисгеузија, конјунктивитис, окуларна болка, вертиго, палпитации, хипертензија, црвенило, кашлица, диспнеа, диспепсија, болка во горниот абдоминален дел, абдоминална болка, гастроезофагеален рефлукс, констипација, сува уста, езофагитис, забна болка, гастритис, осип, хиперхидроза, пруритус, еритема, болка во вратот, мускулоскелетна вкочанетост, едеми во зглобовите, мускулни спазми, мускулоскелена градна болка, вкочанетост на зглобовите, артритис, мускулна слабост, покачени нивоа на креатинин во крвта, протеинурија.
Ретки
  • Хипофосфатемија, увеитис, еписклеритис, иритис, атипични субтрохантерични и диафизални фрактури на фемур (несакана реакција на лекови од класата на бисфосфонати).

Многу ретки
  • Остеонекроза на надворешниот аудитивен канал (несакана реакција на бисфосфонати).
Непознато
  • Ренално нарушување, ретки случаи на ренална инсуфициенција за која е потребна дијализа и ретки случаи со фатален исход кај пациенти со веќе постоечка ренална дифункција или други ризик-фактори како напредната возраст, истовремена употреба на нефротоксични лекови, диуретици или дехидртатација во пост-инфузиски период, секундарна дехидратација од реакциите на актуна фаза, остеонекроза на вилица, хипотензија, склеритис и парофталмија, реакции на хиперсензитивност.

Во случај на предозирање и појава на хипокалциемија, се препорачува администрација на инфузија на калциум глуконат.

Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M05BA08
Генерично име:zoledronic acid
Латинично име:Zoledronic acid solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5 g/100 ml раствор за инфузија
Производител:Ворлд Медицине Илач Санаји Ве Тиџарет Аноним Ширкети/ Р.Турција-Подружница Скопје,Р.Македонија
Носител на одобрение:IDOL ILAC DOLUM SANAYII VE TICARET A.S., Истанбул, Турција