Остеопороза кај постменопаузални жени и кај возрасни мажи
Зголемен ризик од фрактури
- Вклучително и пациенти со неодамнешна ниско-трауматична фрактура на колк.
Остеопороза асоцирана со долготрајна системска глукокортикоидна терапија
Пагетова болест
Zoledronic acid претставува лек од групата на бифосфонати и делува како инхибитор на коскената ресорпција. Zoledronic acid предизвикува апоптоза на хематопоетските туморски клетки преку механизам на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат патеката, како фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат.
За време на спроведување на третманот со zoledronic acid (пред и по администрација), пациентите треба да бидат добро хидрирани.
За време на спроведување на третманот со zoledronic acid, се препорачува истовремена администрација на витамин D.
Остеопороза
- Препорачаната доза на zoledronic acid е единечна интравенска инфузија од 5mg, администрирана еднаш годишно.
Неодамнешна ниско-трауматична фрактура на колк
- Се препорачува администрација на 50 000 - 125 000 IE на витамин D, орално или интрамускулно, пред првата инфузија со 5mg zoledronic acid.
Пагетова болест
-
Препорачаната доза на zoledronic acid е единечна интравенска инфузија од 5mg, во комбинација со најмалку 500mg елементарен калциум дневно, во времетраење од најмалку 10 дена по администрацијата на zoledronic acid.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана кај пациенти со креатинин клиренс < 35 mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
Нема клинички значајни интеракции.
Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана.
Не се препорачува употреба на zoledronic acid кај жени во репродуктивен период.
Во случај на предозирање и појава на хипокалциемија, се препорачува администрација на инфузија на калциум глуконат.
Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.