Третман на големи депресивни нарушувања
Превенција на повторливи депресивни нарушувања
Venlafaxine претставува селективен инхибитор на повторното ре-преземање на серотонин и на норепинефрин од страна на кореспондирачките рецептори сместени во пресинаптичките неврони. Како резултат на тоа, серотонин и норепинефрин остануваат сконцентрирани во синапсата и се врзуваат за своите кореспондирачки рецептори сместени во пост-синаптичките неврони.
Препорачаната почетна доза на venlafaxine е 75mg, поделена во две поединечни дози (по 37,5mg на секои 12 часа).
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс од 30 - 70 mL/min и кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на venlafaxine е контраиндицирана.
Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Поради можност од нарушување на моторните способности, нарушување на расудувањето и на мислењето, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.