Лек: Аклонил

  • ATC код:N03AE01
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:2mg таблети
Епилептични конвулзии
Епилепсија кај новороденчиња, деца и возрасни
Petit mal, вклучително и атипични апсанси
Примарни или секундарни генерализирани тонично-клонични конвулзии (grand mal)
Тонични или клонични конвулзии
Парцијални (фокални) напади со елементарна или комплексна симптоматологија, различни форми на миоклонични напади, миоклонични и асоцирани-со-нив абнормални движења

Clonazepam делува преку механизам на врзување за GABA-a-сличните бензодиазепински рецептори, што резултира со потенцирање на ефектите на GABA, олеснување на GABA-ергичната невротрансмисија на ниво на CNS и со зголемување на афинитетот за врзување на GABA за нејзините сродни GABA-а-рецептори. Со потенцирање на дејството на овој инхибиторен невротрансмитер се постигнува хиперполаризација на клеточните мембрани, со што се превенира дополнителна понатамошна ексцитација на засегнатите неврони.

Третманот треба да започне со ниски дози; дозата може да се зголемува прогресивно, сé до постигнување на дозата на одржување која се одредува преку индивидуализиран пристап.

Возрасни пациенти
  • Иницијалната доза на clonazepam не треба да биде поголема од 1mg дневно; дозата на одржување за возрасни се движи од 4mg – 8mg clonazepam;
  • Ова е вкупна дневна доза која е поделена во 3 – 4 дози, земени во интервали преку целиот ден;
  • Дозата на одржување треба да се постигне после 2 – 4 недели од третманот.
Постари пациенти
  • Иницијалната доза на clonazepam не треба да биде поголема од 0,5mg дневно;
  • Ова е вкупна дневна доза која е поделена во 3 – 4 дози, земени во интервали преку целиот ден;
  • Дозата на одржување треба да се постигне после 2 – 4 недели од третманот.
Педијатриска популација
Доенчиња na возраст од 0 – 1 година
  • Иницијалната доза на clonazepam се движи од 0,5mg – 1mg дневно.
Деца на возраст од 1 – 5 години
  • Иницијалната доза на clonazepam се движи од 1mg – 3mg дневно.
Школски деца на возраст од 5 – 12 години
  • Иницијалната доза на clonazepam се движи од 3mg – 6mg дневно. 
  • Хиперсензитивност кон clonazepam или кон други бензодиазепини;
  • Акутна белодробна инсуфициенција;
  • Тешка респираторна инсуфициенција;
  • Синдром на ноќна апнеа;
  • Миастенија гравис;
  • Тешка хепатална инсуфициенција;
  • Пациенти во кома;
  • Пациенти кои злоупотребуваат алкохол, дрога или лекови.
Алкохол
  • Алкохолот може да ги потенцира несаканите ефекти на clonazepam, од аспект на депресивниот ефект врз CNS. 
Лекови со централно дејство
  • Истовремената употреба на clonazepam со лекови со централно дејство може да резултира со потенцирање на несаканите ефекти, од аспект на седација, депресија врз дишењето и нарушување на хемодинамиката. 
Антиепилептици
  • Истовремената употреба на clonazepam со антиепилептици, како што се фенобарбитал, хидантоин, и нивни комбинации, може да резултира со потенцирање на несаканите ефекти, како што се седација, апатија и системска токсичност. Во комбиниран третман, антиепилептичните лекови како фенобарбитал, фенитоин, карбамазепин и валпроат може да го зголемат клиренсот на clonazepam, а со тоа и да ја намалат неговата плазма-концентрација.
Инхибитори на хепаталните ензими
  • Истовремената употреба на clonazepam со лекови од групата на инхибитори на хепаталните ензими, како што е циметидинот може да резултира со намалување на клиренсот на clonazepam, а последователно на тоа и со потенцирање на неговото дејство.  
Индуктори на хепаталните ензими
  • Истовремената употреба на clonazepam со лекови од групата на индуктори на хепаталните ензими, како што е рифампицин, може да резултира со зголемување на клиренсот на clonazepam, а последователно на тоа и со намалување на неговото дејство.  

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на clonazepam за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третман со clonazepam.

Нема податоци.

Нарушувања на имуниот систем
  • Алергиски реакции и анафилакса;
  • Ангиоедем.
Ендокрини нарушувања
  • Реверзибилен развој на предвремени секундарни полови карактеристики кај деца (нецелосен предвремен пубертет).
Психијатриски нарушувања и парадоксални реакции
  • Нарушена концентрација;
  • Немир;
  • Конфузија;
  • Дезориентација;
  • Депресија;
  • Парадоксални реакции – ексцитабилност, раздразливост, агресивност, немир, нервоза, непријателство, вознемиреност, нарушување на спиењето, кошмари, животописни соништа, психотични нарушувања и активирање на нови видови напади;
  • Зголемена саливација или бронхијална секреција.
Гастроинтестинални нарушувања
  • Наузеа;
  • Гастроинтестинални и епигастрични симптоми.
Нарушувања на кожата и поткожното ткиво
  • Уртикарија;
  • Пруритус;
  • Осип;
  • Минливо опаѓање на косата;
  • Промени во пигментацијата.
Нарушување на сврзното и мускуло-скелетното ткиво
  • Мускулна слабост.
Ренални и уринарни наршувања
  • Уринарна инконтиненција.
Репродуктивен систем и нарушувања на градите
  • Еректилна дисфункција;
  • Губење на либидото.
Општи нарушувања и состојби на местото на апликација
  • Замор, малаксаност.
Симптоми
  • Поспаност, атаксија, дизартрија и нистагмус. Поретко, може да дојде до кома, арефлексија, апнеа, респираторна депресија, хипотензија и кардио-респираторна депресија.
Третман
  • Одржување на проодноста на респираторните патишта и соодветна вентилација, симптоматска терапија, третман со активен јаглен во рок од 1 – 2 часа по предозирањето со цел спречување на апсорпција на clonazepam, поретко гастрична лаважа.

Clonazepam може да ги забави реакциите кај пациентите со епилепсија, а овој ефект може да се потенцира при истовремено консумирање на алкохол; поради тоа, не се препорачува возење или управување со машини. Општа препорака е дека, пациентите со епилепсија не смеат да возат или да управуваат со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N03AE01
Генерично име:clonazepam
Латинично име:Clonazepam tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2mg таблети
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:MEDOCHEMIE Ltd, Лимасол, Кипар

Поврзани лекови