Лек: Аминофилин Алкалоид

  • ATC код:R03DA05
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
  • Доза:350mg таблети со продолжено ослободување
Третман и профилакса на бронхоспазма асоцирана со астма, со хронична опструктивна белодробна болест и со хроничен бронхитис
  • Применливо кај возрасни пациенти кај деца над 6-годишна возраст.
Терапија на лево-коморна и конгестивна срцева инсуфициенција

Aminophylline претставува етилендиамин-сол на теофилин; по ингестија, теофилинот се ослободува од aminophylline и врши релаксација на бронхијалната мазна мускулатура и на пулмонарните крвни садови и го редуцира одговорот на респираторните патишта кон хистамин, метахолин, аденозин и други алергени. Теофилин врши компетитивна инхибиција на фосфодиестеразата тип III и тип IV – ензим кој е одговорен за разградување на cAMP на ниво на клетките на мазните мускули, што резултира со бронходилатација. Теофилинот исто така се врзува за аденозинските А2В рецептори и ја спречува аденозин-посредуваната бронхоконстрикција.

Возрасни пациенти и постари лица
  • Вообичаена доза на aminophylline е 350mg, двапати дневно (на 12 часа).
Педијатриска популација (деца на возраст над 6 години)
  • Вообичаена доза на одржување е 10 mg/kg aminophylline, двапати дневно (на 12 часа);
  • Некои деца со хронична астма имаат потреба од поголема доза (11 – 18 mg/kg, на 12 часа).
  • Хиперсензитивност кон aminophylline;
  • Истовремена примена на ефедрин кај деца на возраст под 6 години;
  • Порфирија;
  • Бебиња на возраст под 6 месеци.
Лекови кои го зголемуваат клиренсот на aminophylline
  • Истовремената употреба на aminophylline со лекови кои го зголемуваат неговиот клиренс може да резултира со намалување на неговата терапевтска ефикасност; такви лекови се: аминоглутетимид, карбамазепин, изопреналин, фенитоин, рифампицин, сулфинпиразон, барбитурати, ритонавир и кантарион. 
Пушење и консумирање на алкохол
  • Пушењето и консумирањето на алкохол може да го зголеми клиренсот на aminophylline, со што би се намалила неговата терапевтска ефикасност.
Лекови кои го намалуваат клиренсот на aminophylline
  • Истовремената употреба на aminophylline со лекови кои го намалуваат неговиот клиренс може да резултира со потенцирање на неговото дејство; такви лекови се: ацикловир, алопуринол, карбимазол, циметидин, кларитромицин, дилтиазем, дисулфирам, еритромицин, флуконазол, интерферон, изониазид, метотрексат, мексилетин, низатидин, пентоксифилин, пропафенон, пропранолол, верапамил и орални контрацептиви.
Кинолони
  • Истовремената употреба на aminophylline со некои кинолони, како ципрофлоксацин и еноксацин, може да резултира со зголемување на серумските нивоа на теофилинот. 
Флувоксамин
  • Не се препорачува истовремена употреба на aminophylline со флувоксамин.
Агонисти на аденозинските рецептори
  • Истовремената употреба на aminophylline со агонисти на аденозинските рецептори, како што се аденозин, регаденазон и дипиридамол може да го инхибира нивното дејство. 
Бензодиазепини
  • Истовремената употреба на aminophylline со бензодиазепини може да го потисне нивниот седативен ефект. 
Халотан
  • Истовремената употреба на aminophylline со халотан може да резултира со аритмија. 
Ломустин
  • Истовремената употреба на aminophylline со ломустин може да резултира со појава на тромбоцитопенија. 
Литиум
  • Истовремената употреба на aminophylline со литиум може да резултира со зголемување на уринарниот клиренс на литиумот. 
β-адренергични агонисти
  • Истовремената употреба на aminophylline со β-адренергични агонисти може да резултира со потенцирање на дејството на теофилинот. 
Стероиди, диуретици, β-адренергични агонисти
  • Истовремената употреба на aminophylline со стероиди, диуретици или β-адренергични агонисти може да резултира со потенцирање на хипокалиемијата асоцирана со употребата на β-адренергични агонисти.
Фенитоин
  • Аminophylline може да ги намали steady state нивоата на фенитоинот.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на aminophylline за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со aminophylline.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Анафилактична реакција, анафилактоидна реакција, хиперсензитивност, хиперурикемија, агитација, анксиозност, инсомнија, нарушувања на сонот, конвулзии, вертиго, главоболка, тремор, атријална тахикардија, палпитации, синус-тахикардија, абдоминална болка, дијареа, иритација на желудникот, гастроезофагеален рефлукс, наузеа, вомитус, пруритус, осип, прекумерно мокрење, уринарна ретенција. 
Симптоми
  • Наузеа, вомитус, епигастрична болка, хематемеза, немир, хипертонија, засилени рефлекси на екстремитетите, конвулзии, спазми, хипотензија, синус-тахикардија, хипокалиемија, хипергликемија, хипомагнеземија, метаболна ацидоза, рабдомиолиза.

Третман
  • Гастрична лаважа пропратена со администрација на активен јаглен во период од 1 – 2 часа по ингестијата.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R03DA05
Генерично име:aminophylline
Латинично име:Aminophylline prolonged-release tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:350mg таблети со продолжено ослободување
Производител:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД Скопје - Фармацевтска, Хемиска, Козметичка индустрија, Скопје, Р. Северна Македонија