Лек: Бисолвон

  • ATC код:R05CB02
  • Компанија:ХЕМОФАРМ КОМЕРЦ ХЕМОФАРМ КОНЦЕРН и др. доо
  • Доза:8mg таблети
Симптоматски третман / олеснување на искашлувањето при болести на респираторниот систем проследени со искашлување на вискозен секрет
  • Вклучувајќи трахеобронхитис, хронична опструктивна белодробна болест, брохиектазии и воспаление на белите дробови. 

Bromhexine претставува муколитик кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на рецепторот на трансмембранската серин протеаза 2 и на тој начин ја олеснува екскрецијата на мукусот од респираторните патишта, така што ја намалува неговата вискозност и ја зголемува активноста на цилијарниот епител.

Препорачана дневна доза на bromhexine е 3 х 1 до 3 х 2 таблети (1-2 таблети на секои 8 часа).

Вкупната дневна доза на bromhexine се движи од 24 – 48mg.

За време на спроведувањето на терапијата со bromhexine, неопходно е да се зголеми вкупниот дневен внес на течности.

  • Хиперсензитивност кон bromhexine.
Антибиотици
  • Истовремената употреба на bromhexine со антибиотици, како што се амоксицилин, еритромицин, доксициклин и цефуроксим резултира со зголемување на концетрацијата на антибиотикот во белодробното ткиво. 
Млеко и млечни производи
  • Млекото и млечните производи можат да ја зголемат продукцијата на мукус, поради што се препорачува да се избегнува употреба на овие намирници за време на спроведување на терапија со bromhexine
Бременост
  • Не се препорачува употреба на bromhexine за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со bromhexine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Болка во горен абдомен, мачнина, вомитус, дијареа.
Ретки
  • Хиперсензитивност, осип.
Многу ретки

/

Непознато
  • Анафилактички реакции, анафилактичен шок, главоболка, вертиго, бронхоспазам, диспепсија, ангиоедем, уртикарија, пруритус, прекумерно потење, покачени серумски нивоа на хепатални ензими. 

Нема пријавени случаи на предозирање.

Поради можност од појава на вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини за време на спроведување на терапија со bromhexine.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R05CB02
Генерично име:bromhexine
Латинично име:Bromhexine tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:8mg таблети
Производител:ХЕМОФАРМ КОМЕРЦ ХЕМОФАРМ КОНЦЕРН и др. доо
Носител на одобрение:Delpharm Reims S.A.S., Реимс, Франција