Лек: БлокМакс за деца

  • ATC код:M01AE01
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
  • Доза:100mg/5mL перорална суспензија
Tретман на треска и хиперпирексија после имунизација
Ублажување на симптоми на настинка и грип
Благи до умерени болки, како што се: болно грло, болка при процес на никнување на заби, забоболка, главоболка, болка во увото, минорни болки и изместувања (шинувања)

Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Препорачана дневна доза на ibuprofen е 20 – 30 mg/kg телесна тежина, поделени на еднакви дози, со интервал на дозирање од 6 – 8 часа (Табела 1.).

Препорачливо е лекот да се зема по оброк или за време на оброк.

Табела 1. Препорачана доза на ibuprofen во зависност од возраста и телесната тежина на педијатриските пациенти

Возраст

Телесна тежина (kg)

Препорачана доза

Доенчиња од 3 – 6 месеци и телесна тежина над 5kg

5 – 7,6

Поединечна доза од 2,5mL на секои 8 часа

Доенчиња од 6 – 12 месеци

7,7 – 9

Поединечна доза од 2,5mL на секои 6 - 8 часа

Деца на возраст од 1 – 3 години

10 – 16

Поединечна доза од 5mL на секои 8 часа

Деца на возраст од 4 – 6 години

17 – 20

Поединечна доза од 7,5mL (5mL + 2,5mL), на секои 8 часа

Деца на возраст од 7 – 9 години

21 – 30

Поединечна доза од 10mL (5mL + 5mL), на секои 8 часа

Деца на возраст од 10 – 12 години

31 – 40

Поединечна доза од 15mL (5mL + 5mL + 5mL), на секои 8 часа

Пациенти со хиперпирексија по имунизација
  • Поединечна доза од 2,5mL проследена со уште една доза од 2,5mL по 6 часа.
  • Хиперсензитивност на ibuprofen;
  • Деца на возраст под 3 месеци;
  • Деца со телесна тежина под 5kg;
  • Пациенти со историја на реакции на хиперсензитивност по употреба на ibuprofen, ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи (астма, ринитис, ангиоедем, уртикарија);
  • Активен пептичен улцер или историја на рекурентет пептичен улцер / хеморагија;
  • Историја на гастроинтестинално крварење или перфорација асоцирани со претходна употреба на НСАИЛи;
  • Тешка хепатална, ренална или кардијална инсуфициенција;
  • Трет триместар од бременост.
Ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на ibuprofen со ацетилсалицилна киселина може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Други НСАИЛи
  • Истовремената употреба на ibuprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови (вклучително и селективни СОХ-2 инхибитори) може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на улцерации и крварења на ниво на гастроинтестиналниот тракт. 
Антихипертензиви, β-блокатори, диуретици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антихипертензиви (АКЕ-инхибитори и антагонисти на ангиотензин II), β-блокатори и диуретици може да резултира со намалување на ефектот на овие лекови.
  • Диуретиците може да го потенцираат нефротоксичниот ефект на ibuprofen; АКЕ-инхибиторите и антагонистите на ангиотензин II може да предизвикаат дополнително нарушување на реналната функција, вклучувајќи и можно акутно реверзибилно ренално затајување кај пациенти со ренално оштетување.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на орални антикоагуланси, како што е варфаринот, може да го зголеми ризикот од крварење. 
Антитромботици и селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на ibuprofen со антитромботици и лекови од групата на селективни инхибитори на серотонинското репреземање (SSRIs) може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт и од интракранијално крварење. 
Кардијални гликозиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кардијални гликозиди може да резултира со влошување на кардијалната инсуфициенција, намалување на гломеруларната филтрација и зголемување на плазма-концентрацијата на кардијалните гликозиди (на пр. дигоксин). 
Литиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со литиум може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на литиумот. 
Метотрексат
  • Истовремената употреба на ibuprofen со метотрексат може да резултира со намалување на клиренсот на метотрексат и последователно потенцирање на неговите несакани ефекти (леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, нефротоксичност, улцерации на слузницата). 
Циклоспорин, такролимус
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови како што се циклоспорин и такролимус може да резултира со потенцирање на нефротоксичните ефекти на ibuprofen
Мифепристон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со мифепристон може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на мифепристон. 
Зидовудин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин може да го зголеми ризикот од појава на хематолошка токсичност; кај ХИВ-позитивни пациенти со хемофилија, истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин го зголемува ризикот од појава на хемартрози и хематоми. 
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кинолонски антибиотици може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии асоцирани со кинолонските антибиотици. 
Инхибитори на CYP450 2C9
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на инхибитори на CYP450 2C9 може да резултира со значително зголемување на плазма-концентрацијата на ibuprofen
Сулфанилуреа
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови кои содржат сулфанилуреа може да резултира со потенцирање на ефектот на овие лекови. 
Холестирамин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со холестирамин може да резултира со намалување на реапсорпцијата на ibuprofen
Аминогликозидни антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со аминогликозидни антибиотици може да резултира со намалување на клиренсот на аминогликозидните антибиотици. 
Билни препарати
  • Истовремената употреба на ibuprofen со билни препарати (на пр. препарати кои содржат Ginkgo biloba) може да го зголеми ризикот од крварење. 
Алкохол
  • Истовремената употреба на ibuprofen со алкохол може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт. 
Фенитоин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со фенитоин може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на фенитоин. 
Пробенецид и сулфинпиразон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови кои содржат пробенецид или сулфинпиразон може да резултира со одложена елиминација на ibuprofen
Диуретици кои штедат калиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со диуретици кои штедат калиум може да резултира со хиперкалиемија. 

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ibuprofen за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ibuprofen.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Хиперсензитивни реакции со уртикарија и пруритус, главоболка, абдоминална болка, наузеа, диспепсија, кожен осип.
Ретки
  • Дијареа, флатуленција, опстипација, вомитус. 
Многу ретки
  • Нарушувања на хематопоезата (анемија, леукопенија, тромбоцитопенија, панцитопенија, агранулоцитоза), тешки реакции на хиперсензитивност (вклучувајќи лицев едем, едем на јазикот и ларинксот, диспнеа, тахикардијa, хипотензија, анафилакса, ангиоедем и тежок шок), асептичен менингитис, пептичен улцер, гастроинтестинална перфорација или гастроинтестинална хеморагија, хематемеза, улцеративен стоматитис, гастритис, егзацербација на колитис и Кронова болест, хепатално нарушување, булозни реакции (Stevens-Johnson-ов синдром, erythema multiforme и токсична епидермална некролиза), акутна ренална инсуфициенција, папиларна некроза, намалување на нивото на хемоглобин во крвта.
Непознато
  • Кардијална инсуфициенција и едем, хипертензија, реактивност на респираторниот систем (астма, бронхоспазам, диспнеа), реакција на лекови со еозинофилија и системски симптоми (DRESS-синдром), егзацербација на инфекции асоцирани со инфламација, тешки кожни инфекции и компликации на мекото ткиво. 
Симптоми
  • Абдоминална и епигастрична болка, мачнина, вомитус, летаргија, поспаност, главоболка, тинитус, атаксија и гастроинтестинално крварење. При сериозно предозирање со ibuprofen може да дојде до појава на метаболна ацидоза и пролонгирано протромбинско време; можна е и појава на акутна ренална или хепатална инсуфициенција, како и на егзацербација на астма.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.
  • Применлива е и перорална администрација на активен јаглен 1 час по ингестија на токсична доза на ibuprofen.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AE01
Генерично име:ibuprofen
Латинично име:Ibuprofen oral suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg/5mL перорална суспензија
Производител:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија