Лек: Актифен

  • ATC код:M01AE01
  • Компанија:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Доза:400mg филм-обложени таблети (10 филм-обложени таблети, каплети (блистер 1 х 10)/кутија)
Tретман на мигренозни болки, болки во грбот, забоболка, невралгија, менструални болки, како и ревматски и мускулни болки
Третман на главоболка
Хиперпирексија
Супресија на симптомите на настинка и грип

Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Возрасни и адолесценти на возраст над 12 години
  • Препорачана поединечна доза на ibuprofen е 1 – 2 таблети на секои 4 – 6 часа.
  • Хиперсензитивност кон ibuprofen;
  • Пациенти со историја на реакции на хиперсензитивност, како што се: бронхоспазам, астма, ринитис, ангиоедем или уртикарија, асоцирани со употребата на ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи;
  • Пациенти со историја на пептичен улкус, гастроинтестинално крварење или перфорации асоцирани со употреба на други НСАИЛи;
  • Постоен пептичен улкус или историја на повторувачки пептичен улкус / крварење;
  • Пациенти со тешка ренална, хепатална или кардијална инсуфициенција;
  • Трет триместар од бременост.
Други НСАИЛи
  • Истовремената употреба на ibuprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови (вклучително и селективни СОХ-2 инхибитори) може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на ibuprofen со ацетилсалицилна киселина може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на орални антикоагуланси, како што е варфаринот, може да го зголеми ризикот од крварење.
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на улцерации и крварења на ниво на гастроинтестиналниот тракт. 
Антихипертензиви, β-блокатори, диуретици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антихипертензиви (АКЕ-инхибитори и антагонисти на ангиотензин II), β-блокатори и диуретици може да резултира со намалување на ефектот на овие лекови.
  • Диуретиците може да го потенцираат нефротоксичниот ефект на ibuprofen; АКЕ-инхибиторите и антагонистите на ангиотензин II може да предизвикаат дополнително нарушување на реналната функција, вклучувајќи и можно акутно реверзибилно ренално затајување кај пациенти со ренално оштетување.
Антитромботици и селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на ibuprofen со антитромботици и лекови од групата на селективни инхибитори на серотонинското репреземање (SSRIs) може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт и од интракранијално крварење. 
Кардијални гликозиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кардијални гликозиди може да резултира со влошување на кардијалната инсуфициенција, намалување на гломеруларната филтрација и зголемување на плазма-концентрацијата на кардијалните гликозиди (на пр. дигоксин). 
Литиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со литиум може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на литиумот. 
Метотрексат
  • Истовремената употреба на ibuprofen со метотрексат може да резултира со намалување на клиренсот на метотрексат и последователно потенцирање на неговите несакани ефекти (леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, нефротоксичност, улцерации на слузницата). 
Фенитоин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со фенитоин може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на фенитоин. 
Циклоспорин, такролимус
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови како што се циклоспорин и такролимус може да резултира со потенцирање на нефротоксичните ефекти на ibuprofen
Мифепристон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со мифепристон може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на мифепристон. 
Зидовудин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин може да го зголеми ризикот од појава на хематолошка токсичност; кај ХИВ-позитивни пациенти со хемофилија, истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин го зголемува ризикот од појава на хемартрози и хематоми. 
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кинолонски антибиотици може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии асоцирани со кинолонските антибиотици.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ibuprofen за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ibuprofen.

Нема влијание. 

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Уртикарија, пруритус, главоболка, абдоминална болка, мачнина, диспепсија, кожен осип. 
Ретки
  • Дијареа, флатуленција, опстипација, вомитус.
Многу ретки
  • Хематопоетички нарушувања (анемија, леукопенија, тромбоцитопенија, панцитопенија, агранулозитоза), симптоми на треска, хиперпирексија, болно грло, површински улцерации на устата, симптоми слични на грип, тешка исцрпеност, крварење од носот, кожни крварења и модринки, тешки реакции на хиперсензитивност (лицев едем, едем на јазикот и ларинксот, диспнеа, тахикардија, хипотензија, анафилакса, ангиоедем или шок), асептичен менингитис, пептичен улцер, перфорација или крварење на ниво на гастроинтестинален тракт, хематемеза, улцеративен стоматитис, гастритис, хепатални нарушувања, тешки форми на кожни реакции (булозни реакции, Stevens-Johnson-ов синдром, erythema multiforme и токсична епидермална некролиза), акутна ренална инсуфициенција, папиларна некроза, покачени серумски нивоа на уреа, едем, намалено ниво на хемоглобин.
Непознато
  • Хипер-реактивност на респираторниот систем, влошување на симптомите на астма, бронхоспазам, диспнеа, кардијална инсуфициенција, едем, хипертензија, егзацербација на колитис и Кронова болест, реакција на лек со еозинофилија и системски симптоми (DRESS-синдром), акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, реакции на фотосензитивност, ренална инсуфициенција.
Симптоми
  • Абдоминална и епигастрична болка, мачнина, вомитус, летаргија, поспаност, главоболка, тинитус, атаксија и гастроинтестинално крварење. При сериозно предозирање со ibuprofen може да дојде до појава на конвулзии, метаболна ацидоза и пролонгирано протромбинско време; можна е и појава на акутна ренална или хепатална инсуфициенција, како и на егзацербација на астма.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.
  • Применлива е и перорална администрација на активен јаглен 1 час по ингестија на токсична доза на ibuprofen.
  • Во случај на чести и пролонгирани конвулзии, потребно е да се пристапи кон интравенска примена на диазепам или лоразепам.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AE01
Генерично име:ibuprofen
Латинично име:Ibuprofen film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:400mg филм-обложени таблети (10 филм-обложени таблети, каплети (блистер 1 х 10)/кутија)
Производител:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Носител на одобрение:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Скопје, Р. Северна Македонија