Третман на ревматоиден артритис, анкилозен спондилитис, остеоартритис и други неревматски (серонегативни) артропатии
Третман на неартикуларни ревматски состојби, периартикуларни состојби како капсулитис, бурзитис, тендинитис, теносиновитис и болка во долниот дел на грбот
Третман на повреди на меките ткива (истегнувања и исчашувања)
Ублажување на блага до умерена болка, како дисменореа, забоболка и пост-оперативна болка
Симптоматско олеснување на главоболка и мигрена
Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.