Тромболитичен третман на акутен миокарден инфаркт
- Применливо во облик на 90-минутен забрзан режим на дозирање за пациенти кај кои е можно започнување со третманот во тек на 6 часа по појавувањето на симптомите, односно во облик на 3-часовен режим на дозирање за пациенти кај кои е можно започнување со третманот во тек на 6 - 12 часа по појавувањето на симптомите.
Тромболитичен третман при акутна масивна пулмонарна емболија со хемодинамска нестабилност
Фибринолитичен третман при акутен исхемичен мозочен удар
Alteplase претставува рекомбинантен ткивен плазминоген активатор (rT-PA), делува преку механизам на конвертирање на плазминогенот во плазмин преку еден фибрин-зависен процес. Во случај на присуство на фибрински тромб, alteplase се врзува за фибринот и ја раскинува аргинин-валин врската на позиција 560-561 во структурата на плазминогенот, притоа конвертирајќи го во неговиот активен облик - плазмин; плазминот понатаму врши деградација на фибринскиот матрикс на формираниот тромб и на тој начин настанува тромболиза.
Во случај на предозирање, се препорачува администрација на свежа смрзната плазма и (по потреба) администрација на синтетски антифибринолитици.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.