Лек: Албадол

  • ATC код:M01AE01
  • Компанија:ТРЕФАРМ ДОО - Претставништво во Република Северна Македонија, Скопје
  • Доза:100mg/5mL сируп
Ревматоиден артритис и остеоартритис
Дисменореа
Болка со благ до умерен интензитет
Акутна болка и хиперпирексија асоцирана со обична настинка (кај деца на возраст од 6 месеци до 12 години)

Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Возрасни и адолесценти над 12-годишна возраст
Ревматски заболувања
  • Препорачаната доза нa ibuprofen се движи од 400 – 700 mg (20 – 35 mL), трипати дневно, на растојание од 4 - 6 часа.
Дисменореа
  • Препорачаната доза нa ibuprofen изнесува 400mg (20mL), трипати дневно, на растојание од 4 – 6 часа.
Болка со благ до умерен интензитет
  • Препорачаната доза нa ibuprofen се движи од 200 – 400 mg (10 – 20 mL), трипати дневно, на растојание од 4 - 6 часа.
Деца на возраст од 6 месеци до 12 години
  • Акутна болка или хиперпирексија асоцирана со обична настинка - препорачаната доза нa ibuprofen се движи од 5 – 7,5 mg/kg телесна тежина (поединечна доза), односно 20 – 30 mg/kg телесна тежина дневно (Табела 1.).

Табела 1. Препорачана доза на ibuprofen во зависност од возраста и телесната тежина на педијатриските пациенти

Возраст

Телесна тежина (kg)

Препорачана доза

Доенчиња од 6 – 12 месеци

7 – 10  

Поединечна доза од 2,5mL (50mg) на секои 8 часа

Деца на возраст од 1 – 2 години

10 – 14,5

Поединечна доза од 2,5mL (50mg) на секои 6 - 8 часа

Деца на возраст од 3 - 7 години

14,5 – 25

Поединечна доза од 5mL (100mg), на секои 6 – 8 часа

Деца на возраст од 8 – 12 години

25 – 40

Поединечна доза од 10mL (200mg), на секои 6 – 8 часа

Посебни популации
Постари пациенти
  • Се препорачува примена на најниската ефективна доза на ibuprofen.
Педијатриска популација
  • Употребата на ibuprofen кај деца на возраст под 6 месеци е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
  • Препорачливо е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачливо е прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност на ibuprofen;
  • Деца на возраст под 6 месеци;
  • Активен пептичен улцер или историја на рекурентет пептичен улцер / хеморагија;
  • Историја на гастроинтестинално крварење или перфорација асоцирани со претходна употреба на НСАИЛи;
  • Тешка хепатална, ренална или кардијална инсуфициенција;
  • Состојби асоцирани со зголемена тенденција за крварење;
  • Трет триместар од бременост;
  • Пациенти со историја на реакции на хиперсензитивност по употреба на ibuprofen, ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи (астма, ринитис, ангиоедем, уртикарија).
Антихипертензиви, β-блокатори, диуретици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антихипертензиви (АКЕ-инхибитори и антагонисти на ангиотензин II), β-блокатори и диуретици може да резултира со намалување на ефектот на овие лекови.
  • Диуретиците може да го потенцираат нефротоксичниот ефект на ibuprofen; АКЕ-инхибиторите и антагонистите на ангиотензин II може да предизвикаат дополнително нарушување на реналната функција, вклучувајќи и можно акутно реверзибилно ренално затајување кај пациенти со ренално оштетување. 
Кардијални гликозиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кардијални гликозиди може да резултира со влошување на кардијалната инсуфициенција, намалување на гломеруларната филтрација и зголемување на плазма-концентрацијата на кардијалните гликозиди (на пр. дигоксин).
Литиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со литиум може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на литиумот.
Холестирамин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со холестирамин може да резултира со намалување на реапсорпцијата на ibuprofen
Метотрексат
  • Истовремената употреба на ibuprofen со метотрексат може да резултира со намалување на клиренсот на метотрексат и последователно потенцирање на неговите несакани ефекти (леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, нефротоксичност, улцерации на слузницата).
Циклоспорин, такролимус
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови како што се циклоспорин и такролимус може да резултира со потенцирање на нефротоксичните ефекти на ibuprofen.
Мифепристон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со мифепристон може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на мифепристон.
Антитромботици и селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на ibuprofen со антитромботици и лекови од групата на селективни инхибитори на серотонинското репреземање (SSRIs) може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт и од интракранијално крварење.
Други НСАИЛи
  • Истовремената употреба на ibuprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови (вклучително и селективни СОХ-2 инхибитори) може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства.
Ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на ibuprofen со ацетилсалицилна киселина може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства.
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на улцерации и крварења на ниво на гастроинтестиналниот тракт.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на орални антикоагуланси, како што е варфаринот, може да го зголеми ризикот од крварење.
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кинолонски антибиотици може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии асоцирани со кинолонските антибиотици.
Сулфанилуреа
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови кои содржат сулфанилуреа може да резултира со потенцирање на ефектот на овие лекови.
Аминогликозиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со аминогликозидни антибиотици може да резултира со намалување на клиренсот на аминогликозидните антибиотици.
Зидовудин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин може да го зголеми ризикот од појава на хематолошка токсичност; кај ХИВ-позитивни пациенти со хемофилија, истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин го зголемува ризикот од појава на хемартрози и хематоми.
Билни препарати
  • Истовремената употреба на ibuprofen со билни препарати (на пр. препарати кои содржат Ginkgo biloba) може да го зголеми ризикот од крварење.
Инхибитори на CYP450 2C9
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на инхибитори на CYP450 2C9 може да резултира со значително зголемување на плазма-концентрацијата на ibuprofen.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ibuprofen за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ibuprofen.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, вертиго, диспепсија, дијареа, наузеа, вомитус, абдоминална болка, флатуленција, констипација, хематемеза, гастроинтестинално крварење, осип, замор.
Помалку чести
  • Ринитис, хиперсензитивност, инсомнија, анксиозност, парестезија, сомноленција, нарушен вид, нарушување на слухот, тинитус, вертиго, астма, бронхоспазам, диспнеа, гастритис, дуоденален улкус, гастричен улкус, улцерација на устата, гастроинтестинални перфорации, хепатитис, жолтица, абнормална хепатална функција, уртикарија, пруритус, пурпура, ангиоедем, фотосензитивни реакции, нефротоксичност во различни облици (тубуло-интерстицијален нефритис, нефротски синдром и ренална инсуфициенција).
Ретки
  • Асептичен менингитис, леукопенија, тромбоцитопенија, неутропенија, агранулоцитоза, апластична анемија и хемолитичка анемија, анафилактичка реакција, депресија, конфузија, оптички нефритис, токсична оптичка невропатија, едем.
Многу ретки
  • Панкреатитис, хепатална инсуфициенција, тешки форми на кожни реакции (булозен дерматитис, Stevens-Johnson-ов синдром, erythema multiforme, токсична епидермална некролиза), кардијална инсуфициенција, миокарден инфаркт, хипертензија.
Непознато
  • Влошување на симптомите на колитис и Кронова болест, реакција на лекови со еозинофилија и системски симптоми (DRESS-синдром), акутна генерализирана егзантематозна пустулоза.
Симптоми
  • Абдоминална и епигастрична болка, мачнина, вомитус, летаргија, поспаност, главоболка, тинитус, атаксија и гастроинтестинално крварење. При сериозно предозирање со ibuprofen може да дојде до појава на метаболна ацидоза, нистагмус, хипотермија, ренални ефекти, гастроинтестинално крварење, кома, апнеа, дијареа и депресија на CNS, дезориентација, ексцитација, конвулзии, несвестица, кардиоваскуларна токсичност и пролонгирано протромбинско време; можна е и појава на акутна ренална или хепатална инсуфициенција, како и на егзацербација на астма.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.
  • Применлива е и перорална администрација на активен јаглен 1 час по ингестија на токсична доза на ibuprofen.
  • Во случај на чести и пролонгирани конвулзии, потребно е да се пристапи кон интравенска примена на диазепам или лоразепам.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AE01
Генерично име:ibuprofen
Латинично име:Ibuprofen syrup
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg/5mL сируп
Производител:ТРЕФАРМ ДОО - Претставништво во Република Северна Македонија, Скопје
Носител на одобрение:TREPHARM, Слатина, Косово Поле, Косово