Tobramycin претставува аминогликозиден антибиотик кој делува преку механизам на врзување за 16Ѕ rRNA од 30Ѕ рибозомската субединица, со што се попречува одвивањето на процесот на транслација, односно синтезата на протеините во бактериската клетка, односно се синтетизираат т.н. “абнормални” протеини, кои бактериската клетка не може да ги искористи за сопствениот раст.
Нема клинички значајни интеракции.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од заматување на видот, не се препорачува возење или управување со машини непосредно по нанесувањето на tobramycin капките за очи.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.