Симптоматски метастазиран карцином на базални клетки
Локално напреднат карцином на базални клетки
Vismodegib делува преку механизам на инхибиција на трансмембранскиот протеин smoothened-хомолог (ЅМО) - протеин кој доведува до активација и нуклеарна транслокација на неколку фактори кои се инволвирани во Hedgehog-сигналната патека, што резултира со инхибиција на неколку Hedgehog-таргетирани гени.
Препорачаната доза на vismodegib е 150mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Употребата на vismodegib за време на бременост и доење е контраиндицирана.
Vismodegib има негативно влијание врз женската репродуктивност.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.