Лек: Уро дофурин

  • ATC код:J01XE03
  • Компанија:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
  • Доза:50mg таблети
Третман на акутни и хронични некомплицирани инфекции на долниот дел од уринарниот тракт

Furazidin го манифестира своето бактериостатско дејство така што под дејство на бактериските флавопротеини се редуцира до активен дериват кој потоа ги инактивира ензимите кои се одговорни за синтеза на бактериските рибозомални протеини и другите компоненти кои се неопходни за синтеза на клеточни протеини, нуклеински киселини (DNA, RNA) и за целуларните респираторни процеси. 

Препорачана доза на furazidin на првиот ден од третманот е 100mg на секои 6 часа, а во наредните денови се земаат 100mg на секои 8 часа, во период од 7 - 14 дена. 

  • Хиперсензитивност кон furazidin
  • Прв триместар од бременоста; 
  • 38 - 42 гестациска недела и породување; 
  • Ренална инсуфициенција; 
  • Полиневропатија;
  • Консумација на алкохол; 
  • Доење. 
Кинолони
  • Истовремената употреба на furazidin со кинолони може да резултира со инхибиција на бактериостатскиот ефект на кинолоните. 
Урикозурични лекови
  • Истовремената употреба на furazidin со урикозурични лекови како што се пробенецид или сулфинпиразон може да резултира со кумулација на furazidin во организмот и со потенцирање на неговите токсични ефекти. 
Антациди кои содржат магнезиум трисиликат
  • Истовремената употреба на furazidin со антациди кои содржат магнезиум трисиликат резултира со намалување на апсорпцијата на furazidin
Атропин и витамин В
  • Истовремената употреба на furazidin со атропин може да резултира со намалена апсорпција на furazidin, додека истовремената употреба со витамин В може да резултира со зголемување на апсорпцијата на furazidin
Аминогликозиди
  • Истовремената употреба на furazidin со аминогликозидни антибиотици може да резултира со зголемување на антибактериската активност на furazidin
Хлорамфеникол и ристомицин
  • Истовремената употреба на furazidin со хлорамфеникол или ристомицин може да резултира со потенцирање на хемотоксичниот ефект на furazidin

Furazidin се зема за време на оброк кој содржи висок процент на протеини. 

Употребата на лекот е контраиндицирана. 

Нема податоци. 

Наузеа, главоболка, флатуленција, цијаноза, мегалобластична или хемолитичка анемија, пруритус, уртикарија, анафилакса, ангиоедем, осип, акутни, субакутни и хронични реакции на хиперсензитивност, акутни реакции на хиперсензитивност на респираторниот систем (треска, морници, кашлање, болка во градите и плеврален ексудат), вртоглавица, поспаност, нарушувања на видот, периферна неуропатија од акутен или иреверзибилен тек, констипација, дијареа, диспепсија, абдоминална болка, вомитус, сијалоденитис, панкреатитис, псевдомембранозен колитис, холестатска жолтица, паренхимска хепатонекроза, алопеција, ексфолијативен дерматитис, еритема мултиформе, Stevens-Johnson-ов синдром, треска, морници, малаксаност, инфекции со Pseudomonas spp. или Candida spp.

Симптоми
  • Главоболка, вртоглавица, алергиски реакции, наузеа, анемија.

Третман
  • Гастрична лаважа и интравенска администарција на физиолошки раствор. 

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01XE03
Генерично име:furazidin
Латинично име:Furazidin tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg таблети
Производител:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
Носител на одобрение:БИОНИКА Фармацеутикалс доо, Скопје, Р. Северна Македонија