Aдјувантен третман на постменопаузални жени со хормон-рецептор-позитивен ран карцином на дојка
- Ефикасноста не е потврдена кај пациенти со хормон-рецептор-негативен карцином на дојка.
Продолжен адјувантен третман на хормон-зависен инвазивен карцином на дојка кај постменопаузални жени кои претходно примале стандардна адјувантна терапија со тамоксифен во тек на 5 години
Третман од прв ред кај постменопаузални жени со хормон-зависен напреднат карцином на дојка
Напреднат карцином на дојка по релапсирање или прогресија на болеста, кај жени со природен или артифициелно-индуциран постменопаузен ендокрин статус, а кои претходно биле третирани со анти-естрогени
Нео-адјувантен третман на пост-менопаузални жени со позитивен хормон-рецепторски, HER-2*-негативен карцином на дојка каде хемотерапијата не е соодветна и не е индицирана итна операција*HER-2 – рецептор тип II на хуман епидермален фактор на раст (анг. human epidermal growth factor receptor – 2, HER-2)
Letrozole е нестероиден тип II инхибитор на ензимот ароматаза кој делува преку механизам на компетитивно врзување за хемот од ароматазниот цитохром P450 (CYP19A1), што резултира со редукција на естрогенската биосинтеза во сите ткива кадешто е присутен, односно се инхибира конверзијата на андрогените во естрогени.
Препорачаната доза на letrozole е 2.5mg, еднаш дневно, секој ден во исто време, доследно со или без храна.
Кај пациенти со напредната или метастатска фаза од болеста третманот со letrozole треба да продолжи сé додека е евидентна туморската прогресија.
Кога се користи како адјувантна терапија, третманот со letrozole треба да продолжи во тек на 5 години или сé додека не дојде до релапс на туморот.
Кога се користи како адјувантен третман, може да се земе предвид и секвенцијален третман (letrozole 2 години проследено со тамоксифен 3 години).
Кога се користи во нео-адјувантен третман, третманот со letrozole треба да продолжи 4-8 месеци со цел да се постигне оптимална редукција на туморот. Ако одговорот е незадоволителен, третманот со letrozole треба да се прекине и да се закаже оперативен зафат и/или да се земе предвид некоја друга алтернативна опција за третман.
Посебни популацииПовозрасни пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Letrozole не се препорачува за употреба кај деца и адолесценти.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со ренална инсуфициенција со креатинин клиренс ≥ 10mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена хепатална инсуфициенција. Кај пациенти со тешко хепатално оштетување (Child-Pugh C) потребно е внимателно набљудување.
Тамоксифен, други антиестрогени и/или терапии кои содржат естроген
- Не се препорачува истовремена употреба на тамоксифен, други антиестрогени и/или терапии кои содржат естроген, бидејќи може да дојде до намалување на фармаколошкото дејство на летрозолот. Ко-администрацијата на тамоксифен со letrozole значително ги намалува плазматските концентрации на letrozole.
Лекови чија елиминација е условена од CYP2A6 и CYP2C19 изоензимите
- Да се избегнува истовремена употреба на лекови чија елиминација е условена од CYP2A6 и CYP2C19, како што се:
Фенитоин
Клопидогрел
бидејќи летрозолот ја инхибира активноста на CYP2A6 и CYP2C19 изоензимите, поради што е индицирана претпазливост кога летрозолот се дава во комбинација со лекови чија елиминација е зависна од овие изоензими.
Letrozole има влијание врз репродуктивноста на жените. Потребно е дополнително советување со доктор.
Пријавени се изолирани случаи на предозирање со letrozole. Не е позната специфична терапија за предозирање со letrozole, третманот треба да биде симптоматски и супортивен.
Потребна е зголемена внимателност при возење или управување со машини затоа што letrozole може да предизвика замор и вртоглавица, а поретко и сомноленција.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.