Хепатоцелуларен карцином
Прогресивен карцином на реналниот паренхим
Прогресивен, локално-напреден или метастатски, диференциран (папиларен / фоликуларен) тироиден карцином, рефракторен на радиоактивен јод
Sorafenib делува преку механизам на инхибиција на интраклеточните серин/треонин кинази на сигналната трансдукциска патека Ras/MAP-киназа; интраклеточните изоформи на Raf-серин-треонин киназа кои се инхибираат од страна на sorafenib вклучуваат Raf-1 (или C-Raf), B-Raf и мутантниот облик на B-Raf. Sorafenib ги инхибира и клеточно-површинските тирозин-киназни рецептори, како што се KIT, FLT-3, RET, RET/PTC и рецепторите на васкуларниот ендотелијален фактор на раст тип 1, тип 2 и тип 3. Со тоа се спречува пролиферација на малигните ткива и ангиогенеза на васкулатурата на туморските ткива.
Препорачана доза на sorafenib за возрасни пациенти е 400mg, на секои 12 часа.
Кога е потребно намалување на дозата на sorafenib при спроведување на терапија за хепатоцелуларен карцином и прогресивен карцином на реналниот паренхим, дозата на sorafenib треба да се намали на 400 mg дневно.
Кога е потребно намалување на дозата на sorafenib при спроведување на терапија за диференциран карцином на тироидната жлезда, дозата на sorafenib треба да се намали на 600 mg дневно во поделени дози (две таблети од 200mg и една таблета од 200mg на 12 часа).
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
- Нема податоци кои се однесуваат на употребата на sorafenib кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
Sorafenib се зема без храна или со умерено масна храна.
Доколку sorafenib се зема со масна храна, тогаш истиот треба да се земе најмалку 1 час пред, односно 2 часа по оброкот.
Sorafenib ја намалува репродуктивната способност кај мажи и кај жени.
Во случај на предозирање се препорачува примена на соодветна супортивна терапија.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.