Лек: НовоЕит

  • ATC код:B02BD02
  • Компанија:НОВО НОРДИСК ФАРМА дооел
  • Доза:500 IE прашок и вехикулум за раствор за инјектирање/инфузија
Третман и профилакса на крварење кај пациенти со хемофилија А

Turoctocog alfa претставува хуман рекомбинантен фактор VIII (фактор на коагулација); неговиот механизам на дејство е идентичен со дејството на ендогениот фактор VIII и истиот се користи за надоместување кај пациентите со хемофилија А, кај кои овој фактор на коагулација е отсутен или го има во многу мала концентрација во крвта. Тuroctocog alfa се активира преку врзување за von Willebrand-овиот фактор на коагулација и понатаму се однесува како кофактор на активираниот фактор IX, кој пак е вклучен во активацијата на факторот X. Активираниот фактор Х го претвора протромбинот во тромбин, а под дејство на тромбинот, фибриногенот се конвертира во фибрин, со што доаѓа до формирање на крвен коагулум на местото на настанатата повреда.

Препорачана брзина на инфундирање на turoctocog alfa е 1 – 2 mL/min.

Табела 1. Водич за дозирање при епизоди на крварење и операција

Степен на крварење / тип на хируршка процедура

FVIII потребно ниво (%) (UI/dL)

Фреквенција на дозирање (часови) / времетраење на терапија (денови)

Крварење

Рана хемартроза, мускулно крварење или крварење во усната празнина

20 – 40

На секои 12 – 24 часа, најмалку 1 ден, сé до повлекување на епизодата на крварење

Посериозна хемартроза, мускулно крварење или хематоми

30 – 60

На секои 12 – 24 часа, 3 – 4 дена, сé до повлекување на болката или акутната попреченост

Живото-загрозувачки крварења

60 – 100

На секои 8 – 24 часа, сé до отстранување на опасноста

Операција

Минорна операција (вклучително и вадење заб)

30 – 60

На секои 24 часа, најмалку 1 ден, сé до целосно заздравување

Голема операција

80 – 100 (пред- и пост-оперативно)

На секои 8 – 24 часа, сé до целосно заздравување на раната; понатаму терапијата се продолжува во наредните 7 дена

 

Профилакса
  • За долгорочна профилакса на крварење кај пациенти со тешка хемофилија А, препорачана доза е 20 – 40 UI/kg телесна тежина, секој втор ден или 20 – 50 UI /kg телесна тежина, трипати неделно;
  • Возрасни пациенти и деца на возраст над 12 години – препорачана доза е 40 – 60 UI/kg телесна тежина, секој трет ден или двапати неделно;
  • За долгорочна профилакса против крварење кај пациенти на возраст под 12 години, се препорачуваат дози од 25 – 50 UI/kg телесна тежина, секој втор ден, односно 25 – 60 UI/kg телесна тежина, трипати неделно.
  • Хиперсензитивност кон turoctocog alfa;

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на turoctocog alfa за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со turoctocog alfa.

Нема податоци.

Многу чести
  • Инхибиција на факторот VIII, реакции на местото на инјектирање.
Чести
  • Осип, еритематозен осип, хиперпирексија, зголемени серумски нивоа на хепаталните ензими, позитивен тест на антитела против фактор VIII, администрација на погрешна доза, реакции поврзани со инфузијата.
Помалку чести
  • Инхибиција на факторот VIII, инсомнија, главоболка, зашеметеност, чувство на горење, синус тахикардија, акутен миокарден инфаркт, хипертензија, лимфедем, осип, лихеноидна кератоза, чувство на горење на кожата, мускулно-скелетна вкочанетост, артропатија, болка во екстремитетите, мускулно-скелетна болка, мачнина, чувство на топлина, периферен едем, хиперпирексија, тахикардија, контузија.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Нема податоци.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B02BD02
Генерично име:turoctocog alfa
Латинично име:Turoctocog alfa powder and vehicle for solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500 IE прашок и вехикулум за раствор за инјектирање/инфузија
Производител:НОВО НОРДИСК ФАРМА дооел
Носител на одобрение:NOVO NORDISK A/S, Багсваерд, Данска