Лек: Патанол

  • ATC код:S01GX09
  • Компанија:НОВАРТИС ФАРМА СЕРВИСИС АГ - Претставништво Република Северна Македонија
  • Доза:1 mg/mL капки за очи, раствор
Сезонски алергиски конјунктивитис

Olopatadine претставува антиалергиски агенс, кој делува како стабилизатор на маст-клетките и кој го спречува ослободувањето на хистамин. Olopatadine е високо-селективен антагонист на хистаминергичните Н1-рецептори кој го спречува ослободувањето на проинфламаторните медијатори, како што се: триптаза, простагландин D2, тумор-некротизирачки фактор-α и проинфламаторните цитокини. Дополнително, olopatadine ја инхибира активацијата на еозинофилите.

Една капка olopatadine се аплицира во конјунктивалната кеса на заболеното око, двапати дневно, односно на растојание од 8 часа.

Не е потребно прилагодување на дозата кај постари пациенти.

Olopatadine може да се применува кај педијатриски пациенти над 3-годишна возраст, во доза која е идентична со дозата за возрасни.

  • Хиперсензитивност кон olopatadine.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на olopatadine за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со olopatadine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Окуларна болка, иритација на окото, суви очи, абнормални сензации на окото, назална сувост, замор.
Помалку чести
  • Ринитис, вертиго, хипоестезија, корнеална ерозија, дефект на корнеалниот епител, нарушување на корнеалниот епител, точкаст кератитис, кератитис, корнеална промена на боја, окуларен исцедок, фотофобија, заматување на видот, намалена острина на видот, блефароспазам, окуларна непријатност, окуларен јадеж, конјунктивални фоликули, конјунктивално нарушување, чувство на туѓо тело во окото, хиперлакримација, еритема на очниот капак, едем на очниот капак, нарушување на очниот капак, окуларна хиперемија, контактен дерматитис, чувство на печење на кожата, сува кожа.
Ретки
  • Главоболка, нарушено чувство за вкус.
Многу ретки

/

Непознато
  • Хиперсензитивност, лицев едем, сомноленција, корнеален едем, окуларен едем, отекување на окото, конјунктивитис, мидријаза, визуелно нарушување, крусти на маргините на очните капаци, диспнеа, синузитис, наузеа, вомитус, дерматитис, еритема, астенија, општа слабост.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Поради можност од заматување на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01GX09
Генерично име:olopatadine
Латинично име:Olopatadine eye drops, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1 mg/mL капки за очи, раствор
Производител:НОВАРТИС ФАРМА СЕРВИСИС АГ - Претставништво Република Северна Македонија
Носител на одобрение:ALCON Cusi SA, Барселона, Шпанија, S.A. ALCON Couvreur N.V., Пурс, Белгија