Лубриканс и вештачки солзи при синдром на суви очи и други синдроми асоцирани со намалена мукозна секреција
Смирувачки лубриканс за олеснување на синдромот на суви очи асоцирано со недостаток на лачење на солзи или недостаток на мукоза.
Препорачана доза е 1 – 2 капки, администрирани во конјунктивалната кеса на заболеното око.
Нема клинички значајни интеракции.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од заматување на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.