Превенција на венски тромбоемболиски настани
- Применливо кај возрасни пациенти кои подлежат на големи ортопедски хируршки интервенции на долните екстремитети, како: фрактура на колк, големи хируршки интервенции на колено или операција на замена;
- Применливо кај возрасни пациенти кои подлежат на абдоминална операција;
- Применливо кај имобилизирани пациенти поради акутно заболување (срцева инсуфициенција) или акутно респираторно заболување или акутни инфективни / инфламаторни заболувања.
Нестабилна ангина пекторис или миокарден инфаркт
Акутни симптоматски спонтани суперфицијални венски тромбози на долните екстремитети
Fondaparinux претставува синтетски антикоагуланс кој го манифестира своето дејство преку АТIII-посредувана селективна инхибиција на факторот на коагулација Ха; со селективно врзување за АТIII, fondaparinux врши неутрализација на факторот Ха, со што се инхибира коагулационата каскада, односно се спречува конверзијата на протромбинот во тромбин, соодветно и конверзијата на фибриногенот во фибрин и на тој начин се спречува и формирањето на коагулум.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.