Лек: Копаксон

  • ATC код:L03AX13
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:20 mg/mL раствор за инјектирање
Релапсна форма на мултиплекс склероза

Glatiramer acetate врши модификација на имуните процеси вклучени во патогенезата на мултипла склероза. Glatiramer acetate делува преку механизам на врзување за молекулите од големиот хистокомпатибилен комплекс од класа II, коишто молекули се сместени на површината на антиген-презентирачките клетки, со што се превенира стимулација на овие клетки. Glatiramer acetate исто така има способност да го модифицира имуниот одговор од проинфламаторен во антиинфламаторен, односно ја инхибира синтезата на проинфламаторните цитокини (IL-2, IL-12, IFNγ, TNF-α) кои се ослободуваат од страна на помошните Т-лимфоцити тип 1 (Тh1) и врши индукција на активноста на помошните Т-лимфоцити тип 2 (Th2) кои ослободуваат антиинфламаторни цитокини (IL-4, IL-5, IL-13, IL-12 и TGF-β).

Препорачана доза на glatiramer acetate e 40mg, aдминистрирана во облик на супкутана инјекција, трипати неделно, со растојание од најмалку 48 часа помеѓу дозите. 

  • Хиперсензитивност кон glatiramer acetate.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на glatiramer acetate за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со glatiramer acetate.

Нема податоци.

Многу чести
  • Инфекции, инфлуенца, анксиозност, депресија, главоболка, вазодилатација, диспнеа, мачнина, осип, артралгија, болка во грбот, астенија, градна болка, реакции на местото на инјектирање.

Чести
  • Бронхитис, гастроентеритис, херпес симплекс, otitis media, ринитис, дентален апсцес, вагинална кандидијаза, бенигна неоплазма на кожата, лимфаденопатија, анорексија, обезност, нервоза, дисгеузија, хипертонија, мигрена, нарушувања на говорот, синкопа, тремор, диплопија, окуларни нарушувања, аурикуларни нарушувања, палпитации, тахикардија, кашлица, сезонски ринитис, аноректално нарушувања, опстипација, забен кариес, диспепсија, дисфагија, инконтиненција, вомитус, абнормални хепатални тестови, екхимоза, зголемено потење, пруритус, кожни нарушувња, уртикарија, итност при мокрење, уринарна ретенција, грозница, фацијален едем, атрофија на местото на инјектирање, локална реакција, периферен едем, едем, хиперпирексија.
Помалку чести
  • Апсцес, фурункули, пиелонефритис, канцер на кожата, леукоцитоза, леукопенија, тромбоцитопенија, хипертироидизам, интолеранција на алкохол, хиперлипидемија, хипернатриемија, намалени нивоа на серумски феритин, синдром на карпален тунел, когнитивно нарушување, конвулзии, дисграфија, дислексија, дистонија, дисфункција, миоклонус, невритис, невромускулна блокада, нистагмус, парализа, ступор, дефекти во визуелното поле, катаракта, корнеална лезија, суво око, оптичка атрофија, екстрасистоли, синус брадикардија, пароксизмална тахикардија, варикозни вени, апнеа, епистакса, хипервентилација, ларингоспазам, пулмонарни нарушувања, диспнеа, колитис, колонални полипи, ентероколитис, еруктација, езофагеален улцер, перидонитис, ректални хеморагии, хиперсаливација, холелитијаза, хепатомегалија, ангиоедем, контактен дерматитис, еритема нодозум, кожни нодули, артритис, бурзитис, болки во колкот, мускулна атрофија, остеоартритис, хематурија, нарушувања на уринарниот тракт, уринарни абнормалности, зголемени дојки, еректилна дисфункција, абортус, нарушувања на простатата, вагинална хеморагија, цисти, мамурност, хипотермија, реакции на местото на инјектирање, некроза на местото на инјектирање, мукозни нарушувања, поствакцинален синдром.
Ретки
  • Токсичен хепатитис, повреда на хепарот.
Многу ретки

/

Непознато
  • Хепатална инсуфициенција.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Нема податоци.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L03AX13
Генерично име:glatiramer acetate
Латинично име:Glatiramer acetate solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:20 mg/mL раствор за инјектирање
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:TEVA Pharmaceuticals Europe B.V., Холандија, ACTAVIS Group PTC ehf., Исланд, Merckle GmbH, Германија, Norton Healthcare Limited T/A IVAX Pharmaceuticals UK Велика Британија
natalizumab
Сериозна