Cobimetinib е реверзибилен, селективен, алостеричен инхибитор кој го блокира сигналниот пат наречен митоген-активирана протеин киназа (MAPK) така што целосно делува на митоген-активираната киназа МЕК1 и МЕК2 која е регулирана со екстраклеточен сигнал, што доведува до инхибиција на фосфорилација на киназите регулирани со екстраклеточен сигнал. Toa значи дека cobimetinib ја спречува пролиферацијата на клетките индуцирана од МАРК сигналниот пат така што го инхибира сигналниот јазол МЕК 1/2.
Препорачана доза на cobimetinib e 60mg дневно. Времетраењето на циклусот на терапија е 28 дена, така што терапијата се спроведува секојдневно, во период од 21 дена, по што следува пауза од 7 дена без терапија.
Поради можност од појава на визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.