Симптоматски третман на болка и воспаление на трауматски, ревматски и дегенеративни нарушувања
Тенок слој од гелот се нанесува на засегнатата анатомска регија, на секои 6 - 8 часа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Се препорачува прилагодување на дозата кај пациенти со сериозно ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
- Се препорачува прилагодување на дозата кај пациенти со сериозно хепатално оштетување.
Педијатриска популација
- Употребата на nimesulide, lidocaine гелот е контраиндицирана.
Задолжително проверете го рокот на употреба,начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.