Инцијална дневна доза е 1 mg/kg телесна тежина дневно. Кај пациенти со телесна тежина ≤ 20kg, дозата за возрасни треба да се подели на две поединечни дози.
Содржината од капсулата може да се раствори во мала количина на вода, ex tempore.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Нема клинички значајни интеракции.
Потребно е да се ограничи внесот на храна богата со фенилаланин и тирозин.
Поради можност од појава на конјунктивитис, фотофобија, болка во очите, кератитис и заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.