Лек: Леупрорелин Лек

  • ATC код:L02AE02
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:5mg имплант
Палијативен третман на пациенти со напреднат хормон-зависен карцином на простатата

Leuprorеlin е аналог на гонадотропин-ослободувачки хормон (GnRH) кој делува преку механизам на врзување за GnRH-рецепторите, со што предизвикува надолна модулација на нивото на гонадотропинскиот хормон и на половите стероиди. Продолженото активирање на GnRH рецепторот резултира со значително намалување на нивото на половите стероиди.

Се препорачува администрација на еднократна доза од 3.6mg leuprorelin, еднаш месечно.

Имплантот се инјектира супкутано, во предниот абдоминален ѕид. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Употребата на leuprorelin е контраиндицирана. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон leuprorelin
  • Потврдена хормонска независност на карциномот; 
  • Жени и педијатриска популација.
Лекови кои го пролонгираат QT интервалот
  • Истовремената употреба на leuprorelin со лекови кои го пролонгираат QT-интервалот може да резултира со адитивно дејство и промени на QT-интервалот. 
Индуктори на Torsade de pointеs
  • Не се препорачува истовремена употреба на leuprorelin со лекови кои може да индуцираат Torsade de pointes, како што се: класа I антиаритмици (кинидин, дисопирамид) или класа II антиаритмици (амиодарон, соталол, дофетилид, ибутилид). 

Нема влијание.

Употребата на leuprorelin кај жени е контраиндицирана. 

Нема податоци.

Многу чести
  • Топли бранови со потење, болка во коските, намалено либидо и сексуална потенција.
Чести
  • Зголемен апетит, нарушен сон, промени во расположението, депресија, парестезија, ноктурија, дисурија, полакиурија.
Помалку чести
  • Намален апетит, хипо/хипергликемија, зголемена / намалена тежина, главоболка, хипо/хипертензија, отежнато дишење, дијареа, алопеција, сува кожа, ноќно потење, уринарна ретенција, намалена големина на тестисите, болка во тестисите, гинекомастија, зголемени вредности на лактат-дехидрогеназа, алкална фосфатаза, аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза. 
Ретки
  • Белодробна емболија.
Многу ретки
  • Мачнина, вомитус, болка во зглобовите и грбот, мускулна непријатност, едеми, замор, кожни реакции како црвенило и индурација на местото на инјектирање кои не се повлекуваат после долготрајна апликација.
Непознати
  • Апсцес на местото на инјектирање.

Нема пријавени случаи на предозирање. 

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L02AE02
Генерично име:leuprorelin
Латинично име:Leuprorelin implant
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5mg имплант
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:EBEWE Pharma Ges.m.b.H. Nfg.KG, Унтерах, Австрија, SANDOZ GmbH, Кундл, Австрија, EVER Pharma Jena GmbH, Јена, Германија