Лек: Микотрит

  • ATC код:D01AC01
  • Компанија:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
  • Доза:1 % крем
Дерматомикози предизвикани од дерматофити, квасни габи и мувли
  • Tinea pedum, tinea manuum, tinea corporis, tinea inguinalis, pityriasis versicolor.
Еритразма
Габични инфекции на срамните усни и околното подрачје
  • Кандиден вулвитис кај жени. 
Инфекција на главата и кожичката на пенисот
  • Кандиден баланитис кај мажи.

Clotrimazole делува преку механизам на деструкција на структурата и интегритетот на клеточната мембрана на фунгалната клетка, со што се зголемува нејзината пермеабилност. Clotrimazole ја инхибира биосинтезата на ергостеролот - есенцијална компонента на клеточната мембрана на фунгалната клетка која е одговорна за растот на фунгалната клетка, а исто така ја инхибира активноста на ланостерол 14-деметилазата.

Тенок слој од кремот се нанесува на заболеното место и се втрива, 2 - 3 пати дневно.

  • Хиперсензитивност кон clotrimazole.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на clotrimazole за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со clotrimazole.

Нема влијание. 

Нарушувања на имунолошки систем
  • Ангиоедем, анафилактичка реакција, хиперсензитивност.
Васкуларни нарушувања
  • Хипотензија, синкопа.
Респираторни, торакални и медијастинални нарушувања
  • Диспнеа. 
Нарушувања на кожата и поткожните ткива
  • Плускавци, контактен дерматитис, еритема, парестазија, ексфолијација на кожата, пруритус, осип, уртикарија, печење на кожата, иритација на местото на апликација, реакција на местото на апликација, едем, болка.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:D01AC01
Генерично име:clotrimazole
Латинично име:Clotrimazole cream
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1 % крем
Производител:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
Носител на одобрение:БИОНИКА Фармацеутикалс доо, Скопје, Р. Северна Македонија