Лек: Микорил

  • ATC код:D01AC01
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:1% w/v спреј за кожа, раствор
Дерматомикози предизвикани од дерматофити, квасни габи и мувли
Габични инфекции на стапалата (tinea pedum)
Габични инфекции на рацете (tinea manuum)
Габични инфекции на торзото, екстремитетите и кожните набори (tinea corporis)
Габични инфекции на препоните (tinea inguinalis)
Питиријаза (pityriasis versicolor)
Кожна кандидијаза (cutaneous candidiasis)
Еритразма

Clotrimazole делува преку механизам на деструкција на структурата и интегритетот на клеточната мембрана на фунгалната клетка, со што се зголемува нејзината пермеабилност. Clotrimazole ја инхибира биосинтезата на ергостеролот - есенцијална компонента на клеточната мембрана на фунгалната клетка која е одговорна за растот на фунгалната клетка, а исто така ја инхибира активноста на ланостерол 14-деметилазата.

На засегнатата анатомска регија се нанесува тенок слој од растворот, 2 - 3 пати дневно, со внимателно втривање на кожата. 

Препорачано времетраење на третманот на дерматомикози е 3 - 4 недели. 

Препорачано времетраење на третманот на pityriasis versicolor e 1 - 3 недели.

  • Хиперсензитивност кон clotrimazole.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на clotrimazole за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со clotrimazole.

Нема влијание. 

Нарушувања на имунолошки систем
  • Ангиоедем, анафилактичка реакција, хиперсензитивност.
Васкуларни нарушувања
  • Хипотензија, синкопа.
Респираторни, торакални и медијастинални нарушувања
  • Диспнеа. 
Нарушувања на кожата и поткожните ткива
  • Плускавци, контактен дерматитис, еритема, парестазија, ексфолијација на кожата, пруритус, осип, уртикарија, печење на кожата, иритација на местото на апликација, реакција на местото на апликација, едем, болка.

Нема пријавени случаи на предозирање. 

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:D01AC01
Генерично име:clotrimazole
Латинично име:Clotrimazole skin spray, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1% w/v спреј за кожа, раствор
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:REMEDICA Ltd, Лимасол, Кипар