Лек: Оферта - Сановел

  • ATC код:N05AH03
  • Компанија:САНОВЕЛ ИЛАЧ САНАЈИ ВЕ ТИЏАРЕТ АНОНИМ ШИРКЕТИ, Претставништво
  • Доза:10mg филм-обложени таблети
Третман на шизофренија
Умерени до тешки манични епизоди
Превенција на рекурентност кај пациенти со биполарно растројство

Olanzapine претставува антипсихотик и антагонист на допаминергичните рецептори (D1, D2, D3 и D4), серотонинергичните рецептори (5-HT2A, 5-HT2C, 5-HT3 и 5-HT6), α-1-адренергичните рецептори, хистаминергичните рецептори и некои мускарински рецептори. Со врзување за- и блокирање на овие рецептори, се спречува манифестација на дејството на невротрансмитерите - лиганди на рецепторите.

Шизофренија
  • Препорачана доза на olanzapine е 10mg дневно.
Манични епизоди
  • Препорачана почетна доза на olanzapine е 15mg дневно, администрирана во облик на еднократна доза при монотерапија, односно 10mg дневно како дел од комбинирана терапија.
Превенција на рекурентност кај пациенти со биполарно растројство
  • Препорачана почетна доза на olanzapine е 10mg дневно.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на olanzapine кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Се препорачува примена на пониска почетна доза од 5mg дневно.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Се препорачува примена на пониска почетна доза од 5mg дневно.
  • Хиперсензитивност кон olanzapine;
  • Пациенти со познат ризик од глауком со тесен агол; 
  • Истовремена консумација на алкохол; 
  • Истовремена употреба на антипаркинсоници кај пациенти со Паркинсон-ова болест и деменција; 
  • Истовремена употреба на лекови кои го пролонгираат QT-интервалот.
Индуктори на CYP450 1A2
  • Истовремената употреба на olanzapine со индуктори на CYP450 1A2 (карбамазепин) може да резултира со намалување на плазматската концентрација на olanzapine.
Инхибитори на CYP450 1A2
  • Истовремената употреба на olanzapine со инхибитори на CYP450 1A2 (флувоксамин) може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на olanzapine.
Активен јаглен
  • Истовремената употреба на olanzapine со активен јаглен може да резултира со намалување на оралната биорасположливост на olanzapine.
Директни или индиректни допаминергични агонисти
  • Истовремената употреба на olanzapine со директни или индиректни допаминергични агонисти може да резултира со антагонизирање на ефектите на допаминергичните агонисти.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на olanzapine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со olanzapine.

Нема податоци.

Многу чести
  • Поспаност, ортостатска хипотензија, обезност, сомноленција, хиперпролактинемија.
Чести
  • Еозинофилија, леукопенија, неутропенија, хиперхолестеролемија, хипергликемија, хипертриглицеридемија, глукозурија, зголемен апетит, вртоглавица, акатизија, паркинсонизам, дискинезија, благи и минливи антихолинергични дејства (вклучувајќи констипација и сува уста), минливи, асимптоматски покачувања на серумските нивоа на хепаталните аминотрансферази, осип, артралгија, еректилна дисфункција, намалено либидо кај мажите и жените, астенија, замор, едем, пирексија, зголемување на серумските нивоа на алкална фосфатаза и креатин фосфокиназа, покачени серумски нивоа на гама-глутаминтрансфераза, хиперурикемија.
Помалку чести
  • Хиперсензитивност, развој на егзацербација на дијабетес мелитус (повремено асоцирани со кетоацидоза или кома, вклучувајќи и некои фатални случаи и напади) дистонија, окулогирација, тардивна дискинезија, амнезија, дисартрија, пелтечење, синдром на немирни нозе, брадикардија, пролонгирање на QT-интервалот, тромбоемболизам (вклучувајќи пулмонарен емболизам и длабока венска тромбоза), епистакса, абдоминална дистензија, хиперсаливација, фотосензитивна реакција, алопеција, уринарна инкотиненција, уринарна ретенција, отежнато уринирање, аменореја, зголемување на градите, галактореја кај жените, гинекомастија / зголемување на градите кај мажите, хипербилирубинемија.
Ретки
  • Тромбоцитопенија, хипотермија, невролептичен малиген синдром, симптоми на прекин на терапија, вентрикуларна тахикардија / фибрилација, ненадејна смрт, панкреатитис, хепатитис (вклучувајќи хепатотоцелуларно, холестатско или комбинирано хепатално оштетување), рабдомилиоза, пријапизам.
Непознато
  • Реакции од лекот со појава на еозинофилија и системски симптоми, синдром на повлекување на лекот (неонатално).
Многу ретки

/

Симптоми
  • Тахикардија, агитација / агресивност, дизартрија, екстрапирамидални симптоми, намалено ниво на свесност во опсег од седација до кома, делириум, конвулзии, кома, невролептичен малиген синдром, респираторна депресија, аспирација, хипертензија или хипотензија, срцеви аритмии, кардиоваскуларен арест.
Третман
  • Гастрична лаважа;
  • Администрација на активен јаглен; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на поспаност и вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N05AH03
Генерично име:olanzapine
Латинично име:Olanzapine film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10mg филм-обложени таблети
Производител:САНОВЕЛ ИЛАЧ САНАЈИ ВЕ ТИЏАРЕТ АНОНИМ ШИРКЕТИ, Претставништво
Носител на одобрение:SANOVEL Ilac Sanayi ve Ticaret A.S., Силиври/Истанбул, Турција