Третман на шизофренија
Умерени до тешки манични епизоди
Превенција на рекурентност кај пациенти со биполарно растројство
Olanzapine претставува антипсихотик и антагонист на допаминергичните рецептори (D1, D2, D3 и D4), серотонинергичните рецептори (5-HT2A, 5-HT2C, 5-HT3 и 5-HT6), α-1-адренергичните рецептори, хистаминергичните рецептори и некои мускарински рецептори. Со врзување за- и блокирање на овие рецептори, се спречува манифестација на дејството на невротрансмитерите - лиганди на рецепторите.
Поради можност од појава на поспаност и вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.