Свесна седација - со или без локална анестезија
- Применливо пред или за време на дијагностички или терапевтски процедури.
АнестезијаПремедикација пред индукција на анестезија
Индукција на анестезија
Седативна компонента при одржување на анестезија
Седација на оддели за интензивна нега
- Применливо кај педијатриска популација.
Midazolam претставува бензодиазепин со стимулативно дејство врз активноста на инхибиторниот невротрансмитер гама-аминобутерна киселина (GABA). Со зголемување на активноста на GABA се постигнува манифестација на седативен ефект и поспаност, настапува релаксација на скелетната мускулатура, анестезија и амнезија. Midazolam делува преку механизам на врзување за бензодиазепинскиот домеин на GABA-A-рецепторите, со што се зголемува фреквенцијата на отворање на хлоридните јонски канали.
Поради појавата на седација, амнезија, нарушено внимание и нарушена мускулна функција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверето го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.