Лек: Тиогама 600 орал

  • ATC код:A16AX01
  • Компанија:ВОРВАГ ФАРМА ГмбХ и Ко.КГ, Претставништво
  • Доза:600mg филм-обложени таблети (60 филм-обложени таблети (блистер 6 х 10)/кутија)
Парестезии кај дијабетична полиневропатија

Thioctic acid претставува аминокиселина со антиоксидативно дејство, која е вклучена во процесите на оксидативна декарбоксилација на кето киселините; активниот облик на thioctic acid е R-енантиомерот, кој делува преку механизам на врзување за слободните радикали и нивна неутрализација, односно преку механизам на хелирање на металните јони, со што се инхибира нивниот штетен ефект. Дополнително, thioctic acid врши индукција на фосфорилација на протеинската киназа В на ниво на васкуларните ендотелијални клетки и покажува протективно дејство врз клетките кои се засегнати од апоптоза индуцирана од оксидативен стрес.

Препорачана дневна доза на thioctic acid е 600mg, администрирана како единечна доза, 30 минути пред првиот оброк.

  • Хиперсензитивност кон thioctic acid;
  • Педијатриска популација.
Цисплатин
  • Истовремената употреба на thioctic acid со цисплатин може да резултира со намалување на фармаколошката активност на цисплатин.
Соединенија на метали
  • Истовремената употреба на thioctic acid со соединенија на метали, како што се препарати на железо, магнезиум и млечни производи кои содржат калциум може да резултира со формирање на нерастворливи комплекси – хелати, кои ја отежнуваат апсорпцијата на thioctic acid.
Инсулин и орални антидијабетици
  • Истовремената употреба на thioctic acid со инсулин или некои орални антидијабетици може да резултира со потенцирање на дејството на инсулинот / оралните антидијабетици.
Алкохол
  • Истовремената употреба на thioctic acid со алкохол може да го зголеми ризикот од прогресија на невропатската клиничка слика.

Истовремената употреба на thioctic acid со храна може да резултира со намалување на апсорпцијата, односно биорасположливоста на thioctic acid.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на thioctic acid за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со thioctic acid.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Вертиго, наузеа.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки
  • Алергиски реакции, како што се осип, уртикарија и пруритус, дисгеузија, хипогликемија, главоболка, хиперхидроза, визуелни нарушувања, вомитус, гастроинтестинални болки, дијареа.
Непознато
  • Инсулински автоимун синдром.
Симптоми
  • Главоболка, наузеа, вомитус, психомоторен немир, нарушена свест со прогресија до општи конвулзии и формирање на млечна ацидоза, хипогликемија, шок, рабдомиолиза, хемолиза, дисеминирана интраваскуларна коагулација, депресија на коскената срцевина и мултиорганска инсуфициенција. 

Третман
  • Индукција на емеза, гастрична лаважа, администрација на активен јаглен.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A16AX01
Генерично име:thioctic acid
Латинично име:Thioctic acid film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:600mg филм-обложени таблети (60 филм-обложени таблети (блистер 6 х 10)/кутија)
Производител:ВОРВАГ ФАРМА ГмбХ и Ко.КГ, Претставништво
Носител на одобрение:WORWAG PHARMA GmbH & Co.KG, Боблинген, Германија, Dragenopharm Apotheker Puschl GmbH, Титмонинг, Германија