Лек: Тиогама 600 инјект

  • ATC код:A16AX01
  • Компанија:ВОРВАГ ФАРМА ГмбХ и Ко.КГ, Претставништво
  • Доза:600mg / 20mL концентрат за раствор за инфузии
Парестезии кај дијабетична полиневропатија

Thioctic acid претставува аминокиселина со антиоксидативно дејство, која е вклучена во процесите на оксидативна декарбоксилација на кето киселините; активниот облик на thioctic acid е R-енантиомерот, кој делува преку механизам на врзување за слободните радикали и нивна неутрализација, односно преку механизам на хелирање на металните јони, со што се инхибира нивниот штетен ефект. Дополнително, thioctic acid врши индукција на фосфорилација на протеинската киназа В на ниво на васкуларните ендотелијални клетки и покажува протективно дејство врз клетките кои се засегнати од апоптоза индуцирана од оксидативен стрес.

Препорачана доза на thioctic acid кај возрасни пациенти со силно изразени парестезии од дијабетична полиневропатија е 24mL дневно, односно 600mg thioctic acid дневно, администрирани во облик на интравенска инфузија.

По разредување, концентратот за раствор за инфузии се применува интравенски, во период од 2 – 4 недели во почетната фаза од третманот. Интравенската администрација се спроведува во облик на кратка интравенска инфузија, во тек на најмалку 30 минути.

  • Хиперсензитивност кон thioctic acid.
Цисплатин
  • Истовремената употреба на thioctic acid со цисплатин може да резултира со намалување на фармаколошката активност на цисплатин.
Инсулин и орални антидијабетици
  • Истовремената употреба на thioctic acid со инсулин или некои орални антидијабетици може да резултира со потенцирање на дејството на инсулинот / оралните антидијабетици.
Алкохол
  • Истовремената употреба на thioctic acid со алкохол може да го зголеми ризикот од прогресија на невропатската клиничка слика.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на thioctic acid за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со thioctic acid.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Интракранијална хипертензија, тешко дишење.
Многу ретки
  • Алергиски реакции, како што се осип, уртикарија и пруритус, дисгеузија, конвулзии, диплопија, реакции на местото на апликација, хипогликемија, вертиго, прекумерно потење, главоболка и визуелни нарушувања.
Непознато
  • Инсулински автоимун синдром.
Ретки
  • Пурпура и тромбопатии по интравенска администрација на thioctic acid.
Симптоми
  • Главоболка, наузеа, вомитус, психомоторен немир, нарушена свест со прогресија до општи конвулзии и формирање на млечна ацидоза, хипогликемија, шок, рабдомиолиза, хемолиза, дисеминирана интраваскуларна коагулација, депресија на коскената срцевина и мултиорганска инсуфициенција. 

Третман
  • Индукција на емеза, гастрична лаважа, администрација на активен јаглен.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A16AX01
Генерично име:thioctic acid
Латинично име:Thioctic acid concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:600mg / 20mL концентрат за раствор за инфузии
Производител:ВОРВАГ ФАРМА ГмбХ и Ко.КГ, Претставништво
Носител на одобрение:WORWAG PHARMA GmbH & Co.KG, Боблинген, Германија