Намалување на покачениот број на тромбоцити кај пациенти со есенцијална тромбоцитемија
Anagrelide претставува агенс кој врши редукција на бројот на тромбоцити во крвта преку механизам на супресија на факторите на транскрипција (како GATA-1* и FOG-1**) кои се потребни за синтеза и созревање на мегакариоцитите – клетките-претходници на тромбоцитите. Дополнително, во повисоки дози, anagrelide е инхибитор на фосфодиестеразата 3А, со што се спречува агрегација на тромбоцитите.
*GATA-1 (GATA binding factor 1) – еритроиден фактор на транскрипција кој ја регулира експресијата на гените кои кодираат информација за синтеза на крвни клетки, односно тромбоцити;
**FOG-1 – кофактор на GATA-1.
Препорачана почетна доза на anagrelide e 1mg/24h, администрирана перорално, поделена во две поединечни дози од 0,5mg.
Највисоката еднократна доза не смее да биде поголема од 2,5mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Употребата на anagrelide кај пациенти со умерена до тешка ренална инсуфициенција е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Употребата на anagrelide кај пациенти со умерена до тешка хепатална инсуфициенција е контраиндицирана.
Поради можност од појава на вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.