Лек: Траватан

  • ATC код:S01EE04
  • Компанија:NOVARTIS Pharma Services inc., Претставништво
  • Доза:40µg/mL капки за очи, раствор
Глауком
Глауком со отворен агол
Педијатриски глауком

Travoprost е простагландин, синтетски изопропил естер – пролек на простагландин F2α и селективен агонист на FP простаноидните рецептори во цилијарните мускули; активацијата на овие рецептори резултира со намалување на интраокуларниот притисок преку механизам на дренирање на вишокот на водениот хумор, интраклеточна мобилизација на калциумовите јони акивација на МАР-киназата. Дополнително, активацијата на FP простаноидните рецептори резултира со создавање на сАМР преку механизам на активација на трансмембранските G-протеини.  

Препорачана доза на travoprost e една капка дневно, аплицирана навечер, во конјунктивалната кеса на засегнатото око.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Препорачаната дневна доза на travoprost е идентична со дозата за возрасни.
Педијатриска популација (возраст од 2 месеци до 18 години)
  • Препорачаната дневна доза на travoprost е идентична со дозата за возрасни.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон travoprost.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на travoprost за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со travoprost.

Нема податоци.

Многу чести
  • Окуларна хиперемија.
Чести
  • Хиперпигментација на ирисот, окуларна болка и окуларна непријатност, суво око, јадеж и иритација на окото.
Помалку чести
  • Хиперсензитивност, сезонска алергија, главоболка, вертиго, нарушување на видното поле, корнеална ерозија, увеитис, иритис, инфламација на предната комора, кератитис, точкаст кератитис, фотофобија, окуларен исцедок, блефаритис, црвенило на очен капак, периорбитален едем, чешање на очниот капак, намалена визуелна острина, заматен вид, хиперлакримација, конјунктивитис, ектропна катаракта, крусти на краевите од очните капаци, растење на трепки, астенопија, обезбојување на очните капаци, палпитации, диспнеа, астма, назална конгестија, иритација на грлото, хиперпигментација на кожата (периокуларно), обезбојување на кожата, абнормална текстура на влакната, хипертрихиоза.
Ретки
  • Херпес симплекс инфекција, херпетичен кератитис, дисгеузија, иридоциклитис, окуларна инфламација, фотопсија, егзем на очните капаци, конјунктивален едем, халовизија, конјунктивални фоликули, окуларна хипоестезија, меибомианитис, пигментација на предната комора, мидријаза, задебелување на трепките, неправилна работа на срцето, брадикардија, намален дијастолен притисок, покачен систолен притисок, хипотензија, хипертензија, респираторно нарушување, орофарингеална болка, кашлица, дисфонија, реактивација на пептичен улкус, гастроинтестинално нарушување, констипација, сува уста, алергиски дерматитис, контактен дерматитис, еритема, осип, промена на бојата на влакната, мадароза, мускуло-скелетна болка, астенија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Депресија, анксиозност, макуларен едем, потонати очи, вертиго, тинитус, болка во градите, брадикардија, тахикардија, влошување на астмата, дијареа, абдоминална болка, наузеа, пруритус, абнормален раст на влакна, артралгија, дисурија, уринарна инконтиненција, покачени серумски нивоа на специфичен простата-антиген.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Поради можност од привремено заматување на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01EE04
Генерично име:travoprost
Латинично име:Travoprost eye drops, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:40µg/mL капки за очи, раствор
Производител:NOVARTIS Pharma Services inc., Претставништво
Носител на одобрение:S.A. ALCON Couvreur N. V., Пурс, Белгија