Лек: Струмекс

  • ATC код:H03BB02
  • Компанија:Претставништво БОСНАЛИЈЕК Д.Д.
  • Доза:20mg таблети
Конзервативен третман на хипертиреодизам, со мала или без струма
Пре-оперативна употреба кај сите форми на хипертиреодизам
Подготовка за радиојодна терапија кај пациенти со тежок хипертиреодизам
Непосредна терапија по терапија со радиојод

Thiamazole претставува антитироиден агенс кој врши инхибиција на синтеза на тироидни хормони; thiamazole делува преку механизам на интерферирање со првите чекори од синтезата на тироидните хормони, како што е процесот на тироидната пероксидација. Тироидната пероксидаза, заедно со водородниот пероксид ја катализираат конверзијата на јодидите во елементарен јод, а потоа и инкорпорирањето на елементарниот јод на третата, односно петтата позиција на фенолниот прстен од структурата на тирозинските резидуи на тиреоглобулинот; молекулите на тиреоглобулинот понатаму се деградираат на ниво на тироидните фоликуларни клетки, со цел формирање на тироксин (Т4), односно тријодтиронин (Т3).

Препорачаната почетна дневна доза на thiamazole се движи од 20 – 40 mg, поделена на редовни поединечни дози од 5 – 20 mg thiamazole. По нормализирање на функцијата на тироидната жлезда, односно по 3 – 8 недели, дозата на одржување се движи од 2,5 – 10 mg thiamazole дневно, администрирани во облик на поединечна доза.

Бременост и доење
  • Кај бремени жени и доилки се препорачува примена на минимална доза на thiamazole од 2,5 – 10 mg.
Педијатриска популација
Деца и адолесценти на возраст од 3 – 17 години
  • Третманот започнува со дневна доза на thiamazole од 0,5 mg/kg телесна тежина, поделена на две или три еднакви дози.
Деца на возраст до 2 години
  • Употребата на thiamazole е контраиндицирана.
Конзервативен третман на хипертиреодизам
  • Времетраење на третман: 6 месеци – 2 години;
  • Препорачливо е примена на краткотрајна терапија со thiamazole кај пациенти со голема струма или констрикција на трахеата.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Се препорачува прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
  • Се препорачува прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Се препорачува прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон thiamazole;
  • Умерени до тешки нарушувања на крвната слика (гранулоцитопенија);
  • Постоечка холестаза која не е асоцирана со хипертиреодизам;
  • Претходно оштетување на коскената срцевина по третман со thiamazole или карбимазол;
  • Историја на акутен панкреатитис по администрација на thiamazole или карбимазол;
  • Бременост.
Јод
  • Дефицитот на јод го зголемува одговорот на тироидната жлезда кон thiamazole, додека вишокот на јод го намалува одговорот. 
Храна богата со јод
  • Истовремената употреба на thiamazole со храна која е богата со јод, како што се сушени морски алги, јогурт, ситен бел грав, туна, јајца, печени компири, јагоди или брусница може да резултира со намалување на одговорот на тироидната жлезда кон thiamazole.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на thiamazole за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со thiamazole.

Нема податоци.

Многу чести
  • Алергиски кожни реакции (пруритус, осип, уртикарија).
Чести
  • Артралгија, мијалгија.
Помалку чести
  • Агранулоцитоза, едеми.
Ретки
  • Нарушување на сетилото за вкус (дисгеузија, агеузија), лек-индуцирана треска.
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, панцитопенија, генерализирана лимфаденопатија, инсулински автоимун синдром со нагласена хипогликемија, невритис, полиневропатија, акутен едем на саливарните жлезди, холестатична жолтица, токсичен хепатитис, сериозен облик на алергиски кожни реакции (генерализиран дерматитис), алопеција, лек-индуциран лупус еритематозус, васкулитис, артритис, нефритис.
Непознато
  • Акутен панкреатитис.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:H03BB02
Генерично име:thiamazole
Латинично име:Thiamazole tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:20mg таблети
Производител:Претставништво БОСНАЛИЈЕК Д.Д.
Носител на одобрение:BOSNALIJEK d.d., Сараево, Босна и Херцеговина