Конзервативен третман на хипертиреодизам, со мала или без струма
Пре-оперативна употреба кај сите форми на хипертиреодизам
Подготовка за радиојодна терапија кај пациенти со тежок хипертиреодизам
Непосредна терапија по терапија со радиојод
Thiamazole претставува антитироиден агенс кој врши инхибиција на синтеза на тироидни хормони; thiamazole делува преку механизам на интерферирање со првите чекори од синтезата на тироидните хормони, како што е процесот на тироидната пероксидација. Тироидната пероксидаза, заедно со водородниот пероксид ја катализираат конверзијата на јодидите во елементарен јод, а потоа и инкорпорирањето на елементарниот јод на третата, односно петтата позиција на фенолниот прстен од структурата на тирозинските резидуи на тиреоглобулинот; молекулите на тиреоглобулинот понатаму се деградираат на ниво на тироидните фоликуларни клетки, со цел формирање на тироксин (Т4), односно тријодтиронин (Т3).
Препорачаната почетна дневна доза на thiamazole се движи од 20 – 40 mg, поделена на редовни поединечни дози од 5 – 20 mg thiamazole. По нормализирање на функцијата на тироидната жлезда, односно по 3 – 8 недели, дозата на одржување се движи од 2,5 – 10 mg thiamazole дневно, администрирани во облик на поединечна доза.
Бременост и доење
- Кај бремени жени и доилки се препорачува примена на минимална доза на thiamazole од 2,5 – 10 mg.
Педијатриска популација Деца и адолесценти на возраст од 3 – 17 години
- Третманот започнува со дневна доза на thiamazole од 0,5 mg/kg телесна тежина, поделена на две или три еднакви дози.
Деца на возраст до 2 години
- Употребата на thiamazole е контраиндицирана.
Конзервативен третман на хипертиреодизам
- Времетраење на третман: 6 месеци – 2 години;
- Препорачливо е примена на краткотрајна терапија со thiamazole кај пациенти со голема струма или констрикција на трахеата.
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Се препорачува прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Се препорачува прилагодување на дозата.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.