Лек: Декс-Тобрин

  • ATC код:S01CA01
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:(3mg/1mg) / mL капки за очи, суспензија
Превенција и лекување на инфламација и превенција од инфекција асоцирана со операција на катаракта
Tobramycin
  • Tobramycin претставува аминогликозиден антибиотик кој делува преку механизам на врзување за 16Ѕ rRNA на 30Ѕ рибозомската субединица, при што настанува конформациона промена на пептидил А позицијата во рибозомот; ова резултира со погрешна транслација на mRNA, при што во структурата на протеинот се вградуваат неадекватни аминокиселини и се формираат т.н. “nonsense” протеини. Некои од овие протеини се вградуваат во клеточната мембрана и делуваат на нејзината функција, особено на нејзината семипермеабилност; на овој начин навлегува уште поголема количина на аминогликозиди и при овие високи концентрации, синтезата на протеините целосно престанува (рибозомите се закочуваат на AUG старт-кодонот од mRNA и воопшто не ја читаат, со што прекинува елонгацијата на протеините).
Dexamethasone
  • Dexamethasone претставува гликокортикоид кој делува преку механизам на врзување за гликокортикоидните рецептори, што резултира со промени во генската експресија и инхибиција на апоптозата на неутрофилите; дополнително, dexamethasone врши инхибиција на активноста на фосфолипазата А2, со што се спречува создавањето на арахидонската киселина, понатаму врши инхибиција на нуклеарниот фактор kappa B и на други проинфламаторни фактори на транскрипција.
Возрасни
  • Една капка се аплицира во конјунктивалната кеса на секои 4 – 6 часа; во текот на првите 24 – 48 часа, дозата може да се зголеми на една капка на секои 2 часа.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти на возраст над 2 години.
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон tobramycin;
  • Хиперсензитивност кон dexamethasone;
  • Херпес симплекс кератитис;
  • Вакциниа, варичела и други вирусни заболувања на рожницата и на конјунктивата;
  • Микобактериски инфекции на окото предизвикани од – но не и ограничени на – ацидорезистентни бацили, како што се: Mycobacterium tuberculosis, Mycobacterium leprae или Mycobacterium avium;
  • Габични заболувања на структурата на окото или нетретирани паразитски окуларни инфекции;
  • Нетретирана загноена окуларна инфекција.
Локални кортикостероиди и НСАИЛи
  • Истовремената употреба на tobramycin, dexamethasone со локални кортикостероиди и НСАИЛи може да го зголеми потенцијалот за проблеми при лекување на рожница.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на tobramycin, dexamethasone со инхибитори на CYP450 3A4, како што се ритонавир и кобицистат може да го намали клиренсот на dexamethasone, што резултира со потенцирање на неговиот ефект и предизвикување на адренална супресија / Cushing’s синдром.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на tobramycin, dexamethasone за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со tobramycin, dexamethasone.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, окуларна иритација, окуларна хиперемија, еритем на очните капаци, абнормално чувство во очите, ринореа, окуларна болка.
Помалку чести
  • Главоболка, окуларна болка, окуларен пруритус, непријатно чувство во очите, окуларна хипертензија, конјунктивален едем, ринореа, ларингоспазам.
Ретки
  • Глауком, окуларна иритација, дисгеузија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Анафилактична реакција, хиперсензитивност, Cushing’s синдром, адренална супресија, вертиго, кератитис, алергија на очите, заматен вид, суви очи, окуларна хиперемија, едем на очните капаци, еритем на очните капаци, мидријаза, хиперлакримација, наузеа, абдоминална непријатност, erythema multiforme, осип, лицев едем, пруритус.

Локално предозирање со tobramycin, dexamethasone се третира со испирање на окото со млака вода.

Поради можност од привремено заматување на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01CA01
Генерично име:tobramycin, dexamethasone
Латинично име:Tobramycin, dexamethasone eye drops, suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:(3mg/1mg) / mL капки за очи, суспензија
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:BALKANPHARMA-RAZGRAD AD, Разград, Бугарија