Лек: Раптен-К

  • ATC код:M01AB05
  • Компанија:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
  • Доза:50mg обложени таблети
Пост-трауматски болни и инфламаторни состојби
  • Исчашувања, истегнувања и други мускулно-скелетни заболувања.
Пост-оперативни болни и инфламаторни состојби
  • По траума, во ортопедија или орална хирургија.
Болни и инфламаторни гинеколошки состојби
  • Примарна дисменореа, аднекситис.
Напад на мигрена
Болен синдром на ‘рбетниот столб
Екстра-артикуларен ревматизам: периартритис, тендинитис, тендосиновитис, бурситис
Болни инфекции на увото, носот или грлото

Diclofenac претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Возрасни пациенти
  • Препорачана доза на diclofenac е 100 – 150 mg дневно, на секои 8 – 12 часа.
Примарна дисменореа
  • Препорачана доза на diclofenac е 50 – 150 mg дневно, на секои 8 – 12 часа.
Мигрена
  • Препорачана доза на diclofenac е 50mg, која се администрира при појава на првите знаци и симптоми на мигрена; доколку не се намали болката, по 2 часа се зема дополнителна доза од 50mg diclofenac;
  • По потреба, се земаат дополнителни дози од 50mg на секои 4 – 6 часа, до максимална вкупна дневна доза од 200mg.
Деца и адолесценти
  • Препорачана доза на diclofenac кај деца на возраст над 14 години е 100mg, на секои 12 часа.
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон diclofenac;
  • Активен гастричен или интестинален улкус, крварење или перфорација;
  • Историја на гастроинтестинално крварење или перфорација асоцирани со претходна примена на НСАИЛи;
  • Активен пептичен улкус или историја на рекурентен пептичен улкус или гастроинтестинално крварење;
  • Последен триместар од бременоста;
  • Хепатална инсуфициенција;
  • Ренална инсуфициенција;
  • Дијагностицирана конгестивна срцева инсуфициенција (NYHA II – IV), исхемична срцева болест, периферна артериска болест и/или цереброваскуларна болест;
  • Пациенти со астма со хиперсензитивност кон ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи.
Литиум и дигоксин
  • Истовремената употреба на diclofenac со литиум или дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на литиум и/или дигоксин; дополнително, истовремената употреба на diclofenac со дигоксин може да резултира со егзацербација на кардијална инсуфициенција, намалување на гломеруларниот проток и зголемување на плазматската концентрација на дигоксин.
Диуретици и други антихипертензиви
  • Истовремената употреба на diclofenac со диуретици и некои антихипертензиви може да резултира со намалување на антихипертензивното дејство на диуретиците и на некои антихипертензиви, како што се β-блокатори или АКЕ-инхибитори. Дополнително, истовремената употреба на diclofenac со диуретици кои штедат калиум може да го зголеми ризикот од појава на хиперкалиемија.
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на diclofenac со антикоагуланси може да го зголеми ризикот од крварење и да доведе до реверзибилна инхибиција на агрегација на тромбоцитите. 
Други НСАИЛи и кортикостероиди
  • Истовремената употреба на diclofenac со други НСАИЛи или кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на гастроинтестинални несакани ефекти.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на diclofenac со селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање може да го зголеми ризикот од појава на гастроинтестинално крварење. 
Орални антидијабетици
  • Истовремената употреба на diclofenac со орални антидијабетици може да резултира со нарушување на нивото на глукоза во крвта, кое може да се манифестира во облик на хипо- или хипергликемија. 
Метотрексат
  • Истовремената употреба на diclofenac со метотрексат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на метотрексат и потенцирање на неговите токсични ефекти.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на diclofenac со циклоспорин може да резултира со потенцирање на нефротоксичноста на циклоспорин.
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на diclofenac со кинолонски антибиотици може да резултира со појава на конвулзии. 

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на diclofenac за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со diclofenac.

Нема податоци. 

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, вертиго, мачнина, вомитус, дијареа, диспепсија, абдоминална болка, флатуленција, анорексија, констипација, пруритус, покачени серумски нивоа на трансаминазите.
Помалку чести

/

Ретки
  • Сомноленција, поспаност, замор, астма, диспнеа, гастритис, гастроинтестинално крварење, хематемеза, крвава дијареа, мелена, гастроинтестинален улкус, уртикарија, едем, хиперсензитивност, анафилактички и анафилактоидни реакции, хипотензија и шок, хепатитис, жолтица, хепатално оштетување.
Многу ретки
  • Палпитации, болка во градите, кардијална инсуфициенција, миокарден инфаркт, тромбоцитопенија, леукопенија, анемија (хемолитичка и апластична), агранулоцитоза, парестезија, нарушено помнење, конвулзија, анксиозност, тремор, асептичен менингитис, дисгеузија, цереброваскуларни нарушувања, визуелни нарушувања, заматен вид, диплопија, тинитус, нарушен слух, пневмонитис, колитис (вклучително и колитис со крварење и егзацербација на улцеративен колитис и Кронова болест), стоматитис, глоситис, езофагеални нарушувања, интестинални стриктури налик на дијафрагма, панкреатитис, акутна ренална инсуфициенција, протеинурија, нефротски синдром, интестинален нефритис, ренална папиларна некроза, булозни ерупции, егзем, еритем, erythema multiforme, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, ексфолијативен дерматитис, алопеција, фотосензитивност, пурпура, алергиска пурпура, пруритус, хипертензија, васкулитис, ангионевротски едем, фацијален едем, фулминантен хепатитис, хепатална некроза, хепатална инсуфициенција, дезориентација, депресија, инсомнија, кошмари, иритабилност, психотични нарушувања.
Непознато

/

Симптоми
  • Главоболка, наузеа, вомитус, епигастрична болка, гастроинтестинално крварење, дијареа, вертиго, дезориентација, ексцитација, кома, поспаност, тинитус, кома или конвулзии; 
  • Во случај на сигнификантно предозирање се јавува акутна ренална инсуфициенција и хепатално оштетување.
Третман
  • Симптоматски и супортивен; 
  • Се препорачува примена на активен јаглен или гастрична лаважа 1 час по ингестија на потенцијално токсични дози; 
  • Честите и продолжени конвулзии се третираат со интравенска администрација на диазепам.

Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, сомноленција, нарушувања на CNS, поспаност или замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AB05
Генерично име:diclofenac
Латинично име:Diclofenac coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg обложени таблети
Производител:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
Носител на одобрение:HEMOFARM A.D., Вршац, Србија