Пост-трауматски болни и инфламаторни состојби
- Исчашувања, истегнувања и други мускулно-скелетни заболувања.
Пост-оперативни болни и инфламаторни состојби
- По траума, во ортопедија или орална хирургија.
Болни и инфламаторни гинеколошки состојби
- Примарна дисменореа, аднекситис.
Напад на мигрена
Болен синдром на ‘рбетниот столб
Екстра-артикуларен ревматизам: периартритис, тендинитис, тендосиновитис, бурситис
Болни инфекции на увото, носот или грлото
Diclofenac претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.
Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, сомноленција, нарушувања на CNS, поспаност или замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.