Naphazoline е симпатомиметски амин, дериват на имидазолин, кој делува
директно на α-адренергичните рецептори во крвните садови на слузокожата на носот, што доведува до вазоконстрикција, а со самото тоа и до намалување на назалната конгестија.
Препорачана доза на naphazoline е 1 – 2 капки во секоја носница, на секои 6 – 8 часа.
Педијатриска популацијаДеца под 7-годишна возраст
- Употребата на naphazoline е контраиндицирана.
Деца на возраст од 7 - 12 години
- Препорачана доза на naphazoline e 1 капка 0.05% раствор во секоја носница, на секои 8 часа.
Деца над 12-годишна возраст
- Препорачана доза на naphazoline е 1-2 капки 0.05% раствор во секоја носница, на секои 6 - 8 часа.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.