Лек: Хемоквин

  • ATC код:C09AA06
  • Компанија:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
  • Доза:10mg филм-обложени таблети
Хипертензија
Конгестивна срцева инсуфициенција

Quinapril ја спречува конверзијата на ангиотензин I во ангиотензин II преку механизам на инхибиција на ензимот што ја посредува конверзијата на ангиотензин, а исто така го редуцира разградувањето на брадикининот, спречува вазоконстрикција, а манифестира и позитивен инотропен ефект.

Хипертензија
Монотерапија
  • Препорачана доза на quinapril e 10 - 20 mg дневно.
Истовремена употреба на диуретици
  • Препорачана почетна доза на quinapril е 2,5 mg дневно.
Конгестивна срцева инсуфициенција
  • Препорачана почетна доза на quinapril е 2,5 mg дневно.

Тешка кардијална инсуфициенција
  • Терапијата  на тешки и нестабилни форми на кардијална инсуфициенција треба да е под лекарски надзор.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Препорачана почетна доза на quinapril е 10mg дневно.

Педијатриска популација
  • Употребата на quinapril е контраиндицирана. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Почетна доза на quinapril кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min е 5mg дневно.

Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци. 
  • Хиперсензитивност кон quinapril
  • Втор и трет триместар од бременост;
  • Пациенти со субаортна стеноза; 
  • Пациенти со историја на ангиоедем при употреба на останати АКЕ инхибитори; 
  • Пациенти со хередитарен идиопатски ангиоедем.
Тетрациклини и останати лекови кои можат да манифестираат промени во концентрација на магнезиум
  • Истовремената употреба на quinapril со овие лекови може да резултира со намалена апсорпција на quinapril.
Лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија
  • Истовремената употреба на quinapril со лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија може да резултира со хиперкалиемија.
Диуретици
  • Истовремената употреба на quinapril со диуретици може да резултира со адитивен ефект и хипотензија.
Анестетици
  • Истовремената употреба на quinapril со анестетици може да резултира со хипотензија.
Литиум
  • Истовремената употреба на quinapril со литиум може да резултира со намален клиренс на литиум.
Кортикостероиди, АCTH
  • Истовремената употреба на quinapril со кортикостероиди или аденокортикотропен хормон (АСТН) може да резултира со хипокалиемија.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на quinapril со НСАИЛи може да резултира со намалување на диуретичниот, натриуретичниот и антихипертензивниот ефект на диуретиците, како и со појава на хиперкалиемија.
Алопуринол, цитостатици, имуносупресиви, системски глукокортикоиди, прокаинамид
  • Истовремената употреба на quinapril со алопуринол, цитостатици, имуносупресиви, системски глукокортикоиди или прокаинамид го зголемува ризикот од развој на леукопенија.
Алкохол, барбитурати, наркотици
  • Истовремената употреба на quinapril со алкохол, барбитурати или наркотици може да резултира со појава на ортостатска хипотензија.
Лекови кои можат да предизвикаат torsades de pointes
  • Истовремената употреба на quinapril со лекови кои може да предизвикаат torsades de pointes може да го зголеми ризикот од развој на  хипокалиемија.
Антациди
  • Истовремената употреба на quinapril со антациди може да резултира со намалување на биорасположливоста на quinapril
Антидијабетици
  • Истовремената употреба на quinapril со антидијабетици може да резултира со хипогликемија.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на quinapril за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со quinapril

Нема податоци.

Табела 1. Класификација на несаканите ефекти според органски системи 

Органски систем 

Несакани ефекти 

Инфекции и инфестации

фарингитис, синузитис, инфекции на уринарен тракт

Имун систем

анафилактоидна реакција

Метаболизам и исхрана

хиперкалиемија

Каридоваскуларен систем

палпитациии, тахикардија, вазодилатација, синкопа, постурална хипотензија, ангина пекторис

Нервен систем

парестезии, поспаност, нарушена рамнотежа

Респираторен систем, граден кош и медијастинум

диспнеа, еозинофилен пневмонитис

Гастроинтестинален систем

абдоминална болка, сува уста и грло, флатулентност, панкратитис

Хепатобилијарен систем

хепатитис

Кожа и поткожно ткиво

осип, јадеж, прекумерно потење, алопеција, ексфолијативен дерматитис, пемфигус, фотосензитивни реакции

Психијатриски нарушувања

инсомнија, нервоза, депресија

Нарушувања на вид

заматен вид

Мускулноскелетни нарушувања

болка во грб, мускули и зглобови

Репродуктивен систем и дојка

импотенција

Крв и лимфен систем

астенија и едем (периферен и генерализиран)

Општи и нарушувања на место на апликација

намалување на хематокритот, леукопенија, тромбоцитопенија, зголемени серумски нивоа на хепаталните ензими и серумскиот билирубин, хемолитичка анемија кај пациенти со G6PHD дефицит

Симптоми
  • Хипотензија и/или хиповолемија.
Третман
  • Симптоматски третман.

Поради можност од појава на вертиго и замор се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09AA06
Генерично име:quinqpril
Латинично име:Quinapril film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10mg филм-обложени таблети
Производител:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
Носител на одобрение:HEMOFARM A.D., Вршац, Србија