Симптоматска терапија на гастроинтестинални тегоби предизвикани од гасови
Припрема за дијагностички процедури на дигестивен тракт
Средство против пенливост кај труење предизвикано од детергенти
Simethicone е сурфактант кој го намалува површинскиот напон гасните меури во гастроинтестиналниот тракт, овозможувајќи полесно ослободување на гасовите од телото.
Симптоматска терапија на гастроинтестинални тегоби предизвикани од гасовиТабела 1. Режим на дозирање на simethicone
Возраст
|
Дозирање во капки
|
Фрекфенција
|
Доенче
|
25 капки се додаваат во шишето за хранење, пред и по секое доење.
|
Деца на возраст од 1-6 години
|
25 капки
|
3 - 5 пати дневно
|
Деца на возраст од 6-14 години
|
25 - 50 капки
|
3 - 5 пати дневно
|
Адолесценти на возраст од 14 години и возрасни пациенти
|
50 капки
|
3 - 5 пати дневно
|
Припрема за дијагностички процедури на дигестивен трактТабела 2. Режим на дозирање на simethicone
Еден ден пред почеток на испитувањето
|
Наутро пред испитување
|
3 пати по 2mL (еквивалентно на 3 x 50 капки)
|
2mL (еквивалентно на 50 капки)
|
Средство против пенливост кај труење предизвикано од детергентиТабела 3. Режим на дозирање на simethicone
Возраст
|
Дозирање
|
Деца
|
2,5 - 10 mL
|
Возрасни
|
10 - 20 mL
|
Како додаток на суспензија за контрастни медиуми
- 4 - 8 mL во 1L контрастен медиум во метода на двоен контраст.
Подготовка за гастроскопија
- Пред ендоскопија, 4 - 8 mL.
Нема клинички значајни интеракции.
Употребата на simethicone е безбедна за време на бременост и доење.
Нема клинички значајни несакани ефекти.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.