Desloratadine претставува втора генерација долго-делувачки Н1-рецепторен антагонист кој поседува селективна периферна Н1-антагонистичка активност. Со врзување за Н1-рецепторите, desloratadine го спречува врзувањето на хистаминот за овие рецептори, со што се инхибира манифестација на дејството на хистамин, односно се спречува ослободување на проинфламаторни медијатори кои се одговорни за симптомите на алергија и алергиските реакции.
Препорачана доза на desloratadine е 5mg дневно.
Нема клинички значајни интеракции.
Алкохол
- Истовремената употреба на desloratadine со алкохол може да резултира со алкохолна интолеранција и интоксикација.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.