Превенција од инфекции на свежи рани од различни типови на изгореници
Silver sulfadiazine делува преку неколку различни механизми преку кои го остварува своето антибактериско дејство, како што се:
- Сребрените јони се врзуваат за нуклеофилните аминокиселини, како и за сулфхидрилните, амино-, имидазол-, фосфатните и карбоксилните групи во структурата на протеините, предизвикувајќи денатурација на протеините и инхибиција на активноста на ензимот од интерес;
- Среброто се врзува за површинските мембрани и протеините, предизвикувајќи излив на протони во мембраната, што доведува до програмирана клеточна смрт, т.е апоптоза;
- Сулфадиазин е конкурентен инхибитор на бактериската пара-аминобензоева киселина (PABA) и супстрат на ензимот дихидроптероат синтетаза.
Silver sulfadiazine се нанесува еднаш дневно, директно на оштетени површини на кожата, во дебелина од 2 - 3 mm или претходно нанесен на газа со која се покрива засегнатата анатомска регија. Пред секое ново нанесување потребно е да се отстранат остатоците од претходното нанесување.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.