Супституција на течности во услови на стабилна ацидобазна рамнотежа или лесна ацидоза
Изотонична или хипотонична дехидратација
Краткотрајна интраваскуларна супституција на волумен
Вехикулум за компатибилни електролитни концентрати и лекови
Надомест на течности и глукоза.
Препорачана максимална дневна доза е 40 mL/kg телесна тежина.
Брзината на инфундирање не смее да надмине 5mL/kg телесна тежина на час.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Бебиња и деца - препорачана дневна доза е 20 – 100 mL/kg телесна тежина; максималната брзина на инфундирање изнесува 5 mL/kg телесна тежина на час;
- Бебиња на возраст од 28 дена - 23 месеци - максималната брзина на инфундирање изнесува 6 - 8 mL/kg телесна тежина на час;
- Бебиња на возраст од 2 - 11 години - максималната брзина на инфундирање изнесува 2 - 4 mL/kg телесна тежина на час.
Пациенти со изгореници
- Возрасни пациенти - во текот на првите 24 часа се администрира количина од 4 mL/kg телесна тежина/% изгореници;
- Педијатриска популација - во текот на првите 24 часа се администрира количина од 3 mL/kg телесна тежина/% изгореници;
- Деца со телесна тежина од 0 - 10 kg - 4 mL/kg телесна тежина на час;
- Деца со телесна тежина од 10 - 20 kg - 40 mL/h + 2 mL/kg телесна тежина на час;
- Деца со телесна тежина > 20kg - 60 mL/h + 1 mL/kg телесна тежина на час.
Нема клинички значајни несакани ефекти.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.