Супституција на течности во услови на ненарушена ацидо-базна рамнотежа
Изотонична или хипотонична дехидрација
Краткотрајна интраваскуларна супституција на волумен
Раствор-носач за компатибилни електролитни концентрати и лекови
Надомест на електролити и течности.
Препорачана максимална дневна доза е 40mL/kg телесна тежина дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Бебиња и деца - 20 - 100mL/kg телесна тежина дневно;
- Максималната брзина на инфундирање е 5mL/kg телесна тежина на час. Кај бебиња на возраст од 28 дена - 23 месеци, максимална брзина на инфундирање е 6 - 8 mL/kg телесна тежина на час. За деца на возраст од 2 - 11 години, максимална брзина на инфундирање е 2 - 4 mL/kg телесна тежина на час.
Пациенти со изгореници
- Возрасни пациенти - 4 mL/kg телесна тежина/% на изгореници во тек на првите 24 часа;
- Деца - 3 mL/kg телесна тежина/% на изгореници во тек на првите 24 часа;
- Деца со телесна тежина од 0 - 10 kg - 4 mL/kg телесна тежина/h;
- Деца со телесна тежина од 10 - 20 kg - 40 mL/h + 2 mL/kg телесна тежина/h;
- Деца со телесна тежина над 20kg - 60 mL/h + 1 mL/kg телесна тежина/h.
Нема пријавени клинички значајни несакани ефекти.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.