Лек: Ертазна

  • ATC код:J01DH03
  • Компанија:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
  • Доза:1g прашок за концентрат за раствор за инфузија
Интра-абдоминални инфекции
Пневмонија стекната од околината
Акутни гинеколошки инфекции
Инфекции на кожата и меките ткива при дијабетично стапало

Ertapenem претставува антибиотик со бактерицидно дејство, кој делува преку механизам на врзување за- и инхибиција на бактериските пеницилин-врзувачки протеини. Со врзување за овие протеини, ertapenem ја инхибира синтезата на бактерискиот клеточен ѕид преку механизам на инхибиција на елонгацијата на пептидогликанот кој претставува основна структурна компонента на бактерискиот клеточен ѕид.

Препорачана доза на ertapenem кај возрасни пациенти и адолесценти на возраст од 13 - 17 години е 1000mg, администрирана интравенски, еднаш дневно.

За превенција на инфекции на местото на хируршкиот зафат по елективна колоректална операција, препорачана доза на ertapenem e 1000mg, администрирана во облик на единечна интравенска доза, во период од 1 час пред хируршкиот зафат. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
Бевиња и деца на возраст од 3 месеци - 12 години
  • Препорачана доза на ertapenem е 15 mg/kg телесна тежина, администрирана интравенски, на секои 12 часа.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс > 30 mL/min; 
  • Не се препорачува употреба на ertapenem кај пациенти со тешко ренално оштетување. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон ertapenem;
  • Хиперсензитивност кон други карбапенемски антибактериски лекови; 
  • Тешка хиперсензитивност кон друг тип на β-лактамски антибиотик (пеницилини или цефалоспорини).
Валпроична киселина
  • Истовремената употреба на ertapenem со валпроична киселина може да резултира со намалување на плазматската концентрација на валпроична киселина.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ertapenem за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ertapenem.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, компликации на инфузираната вена, флебитис, тромбофлебитис, дијареа, вомитус, наузеа, осип, пруритус, дерматитис од пелени, покачени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза, аспартат аминотрансфераза и алкална фосфатаза, тромбоцитоза, болка на местото на инфундирање, неутропенија.
Помалку чести
  • Орална кандидијаза, кандидијаза, псевдомембранозен колитис, aнорексија, инсомнија, конфузија, зашеметеност, поспаност, дисгеузија, синус брадикардија, констипација, сува уста, диспепсија, абдоминална болка, еритем, уртикарија, екстравазаиција, астенија, замор, хиперпирексија, болка во градите, хипербилирубинемија, хипергликемија, леукопенија, главоболка, топли бранови, хипертензија, хипотензија, диспнеа, фарингеална непријатност, мелена, обезбоен фецес, осип, печење на местото на инфундирање, пруритус и еритем на местото на инфундирање, еритем и печење на местото на инјектирање, зголемено активирано парцијално тромбопластинско време, продолжено протромбинско време, петехии, тромбоцитопенија, зголемување на уринарни бактерии и леукоцити во урината, присуство на уринарни квасни габи, позитивен токсин на C. difficile.
Ретки
  • Пневмонија, дерматомикоза, инфекции на уринарен тракт, неутропенија, тромбоцитопенија, алергија, хипогликемија, вознемиреност, анксиозност, депресија, тремор, синкопа, нарушување на склерата, вознемиреност, хипертензија, назална конгестија, свирење во градите, дисфагија, фекална инконтиненција, дерматитис, хиперсензитивен васкулитис, мускулни спазми, болка во рамото, ренална инсуфициенција, акутна ренална инсуфициенција, абортус, генитално крварење, стврднување на местото на инјекција, чувство на малаксаност, намалување на серумските нивоа на бикарбонатите, намалување на серумските нивоа на креатинин и на серумската LDH, лимфоцитопенија, неутрофилија, зголемување на серумските нивоа на уробилиноген.
Многу ретки

/

Непознато
  • Анафилакса и анафилактодини реакции, делириум, агресивност, халуцинации, дезориентираност, халуцинации, намалено ниво на свест, дискинезија, миоклонус, нарушено одење, енцефалопатија, обојување на забите, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, осип од лекот со еозинофилија и системски симптоми, мускулна слабост.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01DH03
Генерично име:ertapenem
Латинично име:Ertapenem powder for concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1g прашок за концентрат за раствор за инфузија
Производител:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
Носител на одобрение:ACS Dobfar S.p.A, Терамо, Италија