Симптоматска хронична срцева инсуфициенција
Vericiguat е стимулатор на солубилната гванилат циклаза (sGC). Срцевата инсуфициенција е асоцирана со нарушена синтеза на азотен оксид (NO) и намалена активност на неговиот рецептор, sGC. Недостаток на цикличен гванозин монофосфат (cGMP) од sGC, доведува до миокардијална и васкуларна дисфункција. Vericiguat врши корекција на релативниот дефицит на NO-sGC-cGMP сигналниот пат со директна стимулација на sGC, независно и синергистички со NO, го зголемува нивото на интрацелуларното cGMP, што може да ја подобри миокардијалната и васкуларната функција.
Препорачаната почетна доза на vericiguat е 2,5mg дневно, заедно со храна, со можност за удвојување на дозата на секои 2 недели до постигнување на максимална доза од 10mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со eGFR > 15 mL/min / 1.73m2;
- Не се препорачува употреба на vericiguat кај пациенти со eGFR < 15 mL/min / 1.73m2.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со благо или умерено хепатално оштетување;
- Не се препорачува употреба на vericiguat кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.