Инфекции на долен респираторен трактБронхитис
Пневмонија стекната во заедница
Инфекции на горен респираторен трактРиносинузитис
Фаринготонзилитис
Инфекции на кожата и на меките ткиваФоликулитис
Целулитис
Еризипела
Генерализирани или локализирани инфекции
- Инфекции предизвикани од Mycobacterium kansasi, Mycobacterium avium, Mycobacterium intracellulare, Mycobacterium chelonae, Mycobacterium fortuitum.
Ерадикација на Helicobacter pylori
Дентални инфекции
Clarithromycin е макролиден антимикробен агенс за системска употреба. Антибактериското дејство го покажува преку селективно врзување за 50s рибозомската подединица на подложните бактерии, притоа спречувајќи ја транслокацијата на активирани аминокиселини. Ова резултира со инхибиција на синтезата на протеини на сензитивните бактерии.
Препорачана доза на clarithromycin е 250mg на секои 12 часа; кај посериозни инфекции, дозата може да се зголеми до 500mg на секои 12 часа.
Вообичаено времетраење на третманот е 5 - 14 дена.
Ерадикација на Helicobacter pylori кај возрасни пациенти со дуоденални улкуси
- Троен терапевтски режим – clarithromycin 500mg на секои 12 часа и омепразол 20mg на секои 12 часа треба да се дадат заедно со амоксицилин 1000mg на секои 12 часа, во тек на 7 дена;
- Двоен терапевтски режим - clarithromycin 500mg на секои 8 часа во тек на 14 дена, во комбинација со инхибитори на гастрична секреција.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на clarithromycin кај педијатриски пациенти под 12-годишна возраст;
- Не е потребно прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти над 12-годишна возраст.
Пациенти со хепатално оштетување
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачана доза на clarithromycin кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min е 250mg на секои 12 - 24 часа, во зависност од сериозноста на инфекцијата, во тек на 14 дена.
Микобактериски инфекции
- Препорачана доза на clarithromycin e 500mg на секои 12 часа.
Дентални инфекции
- Препорачана доза на clarithromycin е 250mg на секои 12 часа, во тек на 5 дена.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на вертиго, конфузија и дезориентација, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.