Инфекции на горен респираторен трактТонзилофарингитис
Акутен синуситис
Инфекции на долен респираторен трактАкутен бактериски бронхитис
Акутно влошување на хроничен бронхитис
Пневмонија
Инфекции на кожата и поткожното ткиво
Clarithromycin е макролиден антимикробен агенс за системска употреба. Антибактериското дејство го покажува преку селективно врзување за 50s рибозомската подединица на подложните бактерии, притоа спречувајќи ја транслокацијата на активирани аминокиселини. Ова резултира со инхибиција на синтезата на протеини на сензитивните бактерии.
Препорачана доза на clarithromycin кај педијатриски пациенти на возраст до 12 години е 15 mg/kg телесна тежина, поделена во две дози.
Табела 1. Прилагодување на дозата
Телесна тежина на детето
|
Доза (mL) за перорална суспензија од 125mg / 5mL (шприц)
|
Доза (mL) за перорална суспензија од 250mg / 5mL (шприц)
|
Доза (mg)
|
33 kg
|
10mL на 12 часа (2 шприца)
|
5mL на 12 часа (1 шприц)
|
250 mg
|
24 kg
|
7,5mL на 12 часа
(1 ½ шприца)
|
3,75mL на 12 часа
(¾ шприц)
|
187.5 mg
|
16 kg
|
5mL на 12 часа (1 шприц)
|
2,5mL на 12 часа
(½ шприц)
|
125 mg
|
8 kg
|
2,5mL на 12 часа (½ шприц)
|
1,25mL на 12 часа
(¼ шприц)
|
62.5 mg
|
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.